Љубителите на спортските автомобили со многу нули на банкарската сметка направија италијанската марка суперавтомобили Lamborghini да постигне рекорен број испораки и рекордна профитабилност во првото полугодие. Извршниот директор Штефан Винкелман се подготвува за предизвикувачката зима, во случај да се заостри кризата со енергија во Европа.
Додека пријавува рекорден број продадени возила и рекордна заработка, Lamborghini обезбедува природен гас за да го одржи работењето во претстојната зима, доколку Русија реши да го прекине снабдувањето на Западна Европа со гас. Италијанската влада става главен приоритет на обезбедувањето гас за индустријата.
Исто како останатите марки што ги услужуваат најбогатите клиенти во светски рамки, Lamborghini се справува со расчекорот меѓу големиот раст во побарувачката и големата неизвесност во глобалната економија.
Во првите шест месеци од 2022 година, Lamborghini постигна:
- Бројот на испораки зголемен за 4,9 проценти, на 5.090 возила
- Прометот зголемен за 31 процент, на 1,3 милијарда евра
- Раст во профитот од близу 70 проценти, на вкупно 425 милиони евра.
- Оперативна маржа 31,9 проценти
Lamborghini како дел од Audi во рамките на концернот Volkswagen, прерасна од марка суперспортски двоседи, во производител на суперлуксузни СУВ автомобили со високи перформанси. Urus учествува со 61 проценти во продажбата на марката. Продажбата на супермоќчиот и брз СУВ порасна за 11 проценти во првото полугодие.
Испорачани примероци од моделските серии на Lamborghini во првото полугодие
На италијанската марка ѝ претстои пресвртница во понудата на модели. Чисто електричен модел на Lamborghini ќе се појави на пазарот во 2028 година. Винкелман го најавува моделот како „неекстремен“ GT со четири седишта, којшто ќе биде повеќе ориентиран кон комфорот во возењето, во споредба со суперспортските купеа на марката. Според шефот, предизвикот е да се создаде електричен Lamborghini што нема само да забрзува на правец, туку и свијоците ќе ги совладува како што очекуваат клиентите. Винкелман се надева дека тоа ќе биде изводливо со идната генерација батерии.
Introducing new Urus Performante. A bolder design, improved performance and fun-to-drive. Our latest debutant and first new member of the Urus family.#Lamborghini #UrusPerformante #ForBarRaisersOnly
CO2 Emission and Fuel consumption combined: https://t.co/MLO6PI2B4Y
— Lamborghini (@Lamborghini) August 19, 2022
Следно што се очекува од Lamborghini е претстсавување на наследникот на суперспортскиот Aventador, како и нови изведби во гамата на Urus. Последниот Aventador беше изработен на 27-ми јули. Наследникот ќе се појави во почетокот на следната година, под друго моделско име. Винкелман навестува дека може да се користи име од историјата на марката: „Тешко е да се најдат нови имиња“. Моделите на марката обично се именуваат според бикови што бувално се избориле за посебно место на сцената.
Звучници Lamborghini се изработени од карбон и чинат колку Golf