Lamborghini ќе потроши милијарда евра за електричен погон

Lamborghini Sian на спектакуларни кадри во Лондон
Sian

Италијанскиот производител на спортски автомобили од врвна класа ќе зачекори во електричната ера и планира да потроши многу средства за новиот вид на погон во Lamborghini.

Марката со бикот во логото и дел од концернот Volkswagen ќе го претстави својот прв сериски автомобил со електромотор во погонот во 2023 година. До крајот на 2024 година, сите модели во понудата на Lamborghini ќе бидат достапни и во варијанта со хибриден погон.

Во следните четири години, Lamborghini ќе инвестира над 1,5 милијарда евра во електричниот погон, што е најголема инвестиција во историјата на Сант Агата. Во втората половина од деценија, спортската марка планира да понуди до четири модели што ќе користат само погон на струја.

Претходна објаваСамо екстра-бојата чини 15.000 евра: Mercedes-Maybach почнува со нарачки за својата S-Class
Следна објаваПродажбата на автомобили во Европа до април со раст од 25 проценти

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here