Возачите на суперспортски автомобили во Австралија, од 1-ви декември годинава мора да поседуваат посебна возачка дозвола. По само неколку часови од стапувањето на законот во сила, еден возач на Ламборгини се увери во строгоста на новите мерки.
За возачите на посебно силни спортски автомобили во Австралија, од почетокот на декември важи посебна постапка за стекнување специјална возачка дозвола. Таа се води како „Ју лајсенс“, кусо од дозвола за УХПВ, односно дозвола за ултра-хај-пауер-виеклс, и воведена е како мерка против честите незгоди со суперавтомобили.
Полицијата не мораше да чека долго додека ја напише првата каазна. Уште во првиот ден, во 7.30 часот наутро, тие запреа возач на Ламборгини, кој не поседувал возачка дозвола за суперавтомобил. Тоа е уредно објавено на профилот на јужноавстралиската полиција на фејсбук.
Службениците го запреле Ламборгинито затоа што возилото немало регистерска ознака назад. При проверката се покажало дека станува збор за возило, за коешто според новите закони мора да се поседува посебна возачка дозвола.
Лиценца за суперавтомобили мора да се поседува за возила што имаат специфична моќност од 375 КД по тон. Хуракан СТО е далеку над тоа. Неговиот мотор Ве-10 ослободува 640 КС, во возило што тежи 1.339 килограми.
Возачот на 36-годишна возраст мораше да плати казна, којашто изнесува 2.500 американски долари, односно околу 1.500 евра. Во случај возач повеќепати да биде казнет поради немање дозвола, следи затворска казна во траење до една година.
Стекнувањето посебна дозвола е многу едноставно. Прво треба да се помине онлајн-обука, по што следи испиот. И цената е нормална и изнесува 61 долар, односно околу 37 евра.
















