Електричните автомобили лани во просек извозеле за 19 проценти подолг пат отколку автомобилите со бензински мотор. До тие податоци дојде една осигурителна компанија во Германија. Годишниот просек за автомобилите на батерија изнесува 12.127 километри, додека за бензинците е 10.210 километри. Дали дизелите и натаму се шампиони меѓу германските возачки и возачи?
Досегот им е мал, полначите се ретки, времето за батеријата да се наполни е долго. И покрај овие „ограничувања“, возачките и возачите на електрични автомобили во Германија, во минатата година во просек извозеле 12.127 километри. Тоа е за 18,8 проценти повеќе од патот што во просек го извозеле возачите на автомобили со бензински мотор (10.210 km).
Најмногу пат извозуваат автомобилите со дизел мотор. Нивната просечна годишна километража изнесува 13.049 километри. Тоа е за седум проценти повеќе од електричните автомобили. Овие охрабрувачки бројки доаѓаат од германската осигурителна компанија Check24. Има вредни податоци и за возачите на хибриди. Тие просечно возат по 12.763 километри или за 14 проценти повеќе од просекот од сите возила. За статистиката се користени податоците од возилата што осигурителната компанија Check24 ги има во својата евиденција. Просекот од сите возила, со сите водови погон, изнесува 11.230 километри.
Најпопуларните електрични модели се од Renault, VW и Tesla; Кај хибридите е неприкосновена Toyota
Најпопуларен електричен модел е Renault Zoe, пред Volkswagen e-Up. Третото и четвртото место им припаѓаат на модели на Tesla. Од компанијата заклучуваат: „Поради растечките цени на горивата и државните субвенции за електрични автомобили, побарувачката ќе продолжи да се зголемува“. Петти најпродаван модел на батерија е Smart fortwo.
Во статистиката за хибридите на Check24, покрај самополнечките хибриди на Toyota, кои се на првите три места, се појавуваат уште Golf со приклучен хибриден погон и Fiat 500 со благ хибриден погон.
Едно потсеќање на автомобилот што на возењето пред три години трошеше помалку течност од возачот
Хибридна тура со Toyota Corolla: Со 30 литри бензин низ цела Македонија (Дел 1)