Кина поднесе жалба пред СТО за царините на ЕУ, растат тензиите

БИД лани произведе повеќе од три милиони електрични возила и на пат е годинава да ја заврши како најголем производител на ЕВ во светот, пред Тесла

Кина поднесе официјална жалба до Светската Трговска Организација поради одлуката на Европската Унија, да воведе царини за кинеските електрични автомобили, како мерка против субвенциите.

Според објаснувањето на министерството за трговија, Кина на 9-ти август го активирала механизмот за надминување спорови на СТО. Како причина за тоа се наведува заштитата на правата и интересите за развој на индустријата на електрични автомобили, стои понатаму во соопштението.

„Во решението во привремената одлука на ЕУ недостига секаква материјална и правна основа. Тоа претставува сериозно прекршување на правилата на СТО и ја поткопува глобалната соработка во справувањето со климатските промени“, кажува претставник на министерството.

„Бараме ЕУ веднаш да го коригира своето погрешно делување и заеднички да се обезбеди економска и трговско политичка соработка меѓу Кина и ЕУ, како и стабилност на ланецот на снабдување со компоненти за електрични возила“, додава претставникот.

Односите меѓу Пекинг и ЕУ во последните месеци се наоѓаат на мошне ниско ниво, затоа што ЕУ сака својата политика кон Кина да ја води според примерот на САД. Во последниот месец, ЕУ воведе привремени царини што достигнуваат до 37,6 проценти, за увоз на електрични автомобили од Кина. Тоа се случи по повеќемесечниа истрага околу субвенциите што Пекинг им ги исплатувал на домашните производители на електрични возила.

Пекинг реагираше гневно на овој потег. Кина веќе се закани дека ќе возврати со мерки против европските фармери и против производителите на авиони, воедно отпочнувајќи анти-дампинг истрага против француските производители на алкохолни пијалоци.

Видеото од тестот на електричен Волво Е Икс 30

 

Претходна објаваКамик и Клио најпродавани на македонскиот пазар во јуни, продажбата угоре
Следна објаваПолстар, електро-марката на Волво, одбива да ги врати хибридите во понуда

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here