за

САД им ставија 100 проценти царина на кинеските електрични автомобили

САД четирикратно ја зголемија царината за електрични автомобили од Кина. Се чека како кинеските власти ќе одговорат на тоа.

Претседателот на САД им го попречува патот на кинеските електрични автомобили во САД, со посебна царинска стапка од 100 проценти. Покрај тоа, владата бара нови или значително зголемени царини и за соларни ќелии, микрочипови, пристанишни дигалки и медицински прибор, како канели и заштитни маски.

Кина го преплавувала светскиот пазар со производи што вештачки се поевтинети за извоз, стои во соопшштението што властите на САД го објавија во вторникот. Мерките се ограничени на неколку подрачја што се од стратешка важност.

Бајден се залага за стабилни односи со Кина, уверува директорката на националниот економски совет на Белата куќа, Лаел Брејхнард. Таа не сакаше да шпекулира околу можните противмерки од Пекинг. Според владата на САД, новите мерки опфаќаат увоз од Кина што достигнува вредност од 18 милијарди долари. Уште претходно се ширеа гласини за планираното покачување.

Царината и досега изнесуваше 25 проценти

За увозот на кинеските електрични автомобили во САД и досега важеше царинска стапка од 25 проценти, со којашто се бранеше пазарот, за разлика од Европа. Кинеските производители добивале недозволени субвенции и на тој начин можеле да ја уништат конкуренцијата со евтини возила, кажа Брејнард, економската советничка за економија на Бајден.

Кинескиот извоз на електрични автомобили во 2023 година пораснал за 70 проценти, со што се загрозуваат вложувањата што ги прават останатите земји, аргументираат властите на САД. „Претседателот нема тоа да го дозволи тука“, вели Брејнард.

Меѓу другото и шефот на Тесла, Илон Маск, во почетокот на годината предупреди за надмоќта на кинеските производители: Доколку не се воведе трговска заштита, тие ќе ги уништат повеќето останати автомобилски фирми во светот.“

Бајден во својот роден град Скрентон, во сојузната држава Пенсилванија, веќе можел да се увери што се случува кога продукцијата ќе се пресели во останатите држави, кажува економската службеничка. Поради тоа, тој се залага за чесна конкуренција. Бајден во ноември повторно ќе излезе на избори за претседател на САД. Тој за време на неговата служба има насочено десетици милијарди долари во производството на микрочипови, во инфраструктурата и во индустријата. Неговиот претходник, Доналд Трамп, и самиот имаше воведено царини за увозот од Кина.

Подробно за останатите посебни царини за кинеските производи:

  • Соларни ќелии: Царината годинава се зголемува од 25 на 50 проценти. Кинеските производствени капацитети се на пат да достигнат продукција што ќе биде двојно повисока од побарувачката што се очекува во краток рок во светски рамки, предупредува Брејнард. Тука исто така се применуваат нечесни практики. Во секое подрачје од производството во овој сектор, Кина покрива преку 70 проценти од глобалните капацитети и со тоа ја загрозува сигурноста во снабдувањето.
  • Пристанишни дигалки: За масивните машини што ги товарат и растовараат бродовите, се воведува царинска стапка од 25 проценти. САД повторно сакаат сами да произведуваат. Лани се појавија и предупредувања, дека техниката од Кина може да се користи за шпиунажа и саботирање.
  • Медицински прибор: За шприцеви и игли се воведува 50 проценти царина. Заштитни маски ќе се оптопваруваат со 25, место 7,5 проценти. Исто важи и за нараквиците, но за нив примената се одложува за 2026 година.
  • Микрочипови: Царините до 2025 година ќе пораснат од 25 на 50 проценти. Во моментов од Кина не доаѓаат најсовремените чипови, но тие пак се користат масовно во автомобили и во бела техника. Бајден ќе субвенционира нови фабрики со буџет од 39 милијарди долари. Тука се работи и за национална безбедност.
  • Челик и алуминиум: За некои метални производи, царината се качува од 7,5 на 25 проценти. Брејнард посочи и дека Кина произведува челик испуштајќи огромна емисија на ЦО2, за разлика од САД.
  • Батерии: Царината за литиум-јон батериите за електрични автомобили годинава се качува од 7,5 на 25 проценти. За овие батерии за останатите примени, повисоките царини ќе важат од 2026 година. Има царини и за некои компоненти, на пр. магнети.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

И Реј Чарлс уживаше да вози кабриолет Пежо

Нова Опел Фронтера имаше премиера во Истанбул, цената е многу фер