Пазарот на автомобили во Кина заздравува и на тоа укажуваат сите знаци, вклучувајќи го и фактот што продажбата повторно расте. Во јуни, дилерите нарачале 2,5 милиони автомобили и товарни возила. Тоа е за 23,8 проценти повеќе отколку во истиот месец лани.
Бројот на возила што кинеските дилери во јуни ги нарачале од производителите е уште поголем отколку што познавачите претпоставуваа, кусо пред Здружението на производители на автомобили во Кина да ги објави податоците. Нарачките за нови возила од страна на дилерите пораснале за 41 проценти, на вкупно 2,22 милиони возила. Потврда за нагорниот тренд доаѓа и од кинеската асоцијација на дилери, од каде што се потврдени 1,97 милион испорачани автомобили или за 22 проценти повеќе од минатиот јуни.
За тековната година, производителите се надеваат дека продажбата во земјата ќе достигне 27 милиони автомобили. Тоа би било за три проценти повеќе отколку лани. По февруари, во јуни првпат беше забележан раст во испораките на возила од производителите до дилерите.
Volkswagen и заедничките компании на германскиот концерн во земјата, во минатата година продадоа 3,3 милиони автомобили во Кина
Големиот кинески пазар е пресуден за бизнисот на најголемите европски концерни. Шефот на Volkswagen, Херберт Дис, очекува дека во текот на годината ќе почне да попушта кризата во снабдувањето со полупроводници. Volkswagen, преку заедничките компании во земјата (FAW, SAIC) продава најмногу возила од сите производители на автомобили во Кина. Крајно неизвесниот завршеток на кризата со полупроводници, сепак не значи дека ќе донесе и крај на предизвиците за браншата.
It may not be a world beater, but the Chinese-made XPeng P7 is one of the most impressive new cars we’ve driven this year. https://t.co/4Q7XeoP1VY
— motortrend (@MotorTrend) July 8, 2022
Електричната Dacia Spring вози во Кина како Fengon E1 и чини 9.500 евра