за

Во Кина месечно се продаваат повеќе од 200.000 електрични возила

Нов рекорд во производството и продажбата на чисто електрични возила во Кина. Во јули, на најголемиот пазар во светот биле продадени 220.000 возила со погон само на струја, а има и уште 50.000 приклучни хибриди.

Вкупно 274.000 возила со приклучок за полнење на батеријата, значи чисто електрични и приклучни хибридни возила, продадени се во Кина во текот на јули. Продажбата напредувала за 60 проценти во споредба со истиот месец лани.

Рекорд во производството и продажбата на електрични возила во Кина во јули. На најголемиот автомобилски пазар во светот, воедно и најголем пазар за електрични возила, биле продадени 271.000 електрични (чисто на батерија и приклучни хибридни) возила, а произведени биле 284.000 возила.

Чисто електричните возила доминираат во продажбата во овој сегмент, со 220.000 продадени возила во јули, наспроти 50.000 возила со приклучен хибриден погон. Продажбата на првиве пораснала за 70 проценти, на приклучните хибриди за 60 проценти. Производството исто така бележи раст од 80 проценти кај чисто електричните возила, односно 50 проценти кај приклучните хибридни возила.

Кинеската статистика регистрира и 32 произведени и 196 продадени возила со погон на водород.

Од јануари до јуни, во фабриките во Кина се произведени 1,504 милион електрични возила, а во земјата се продадени 1,478 милион електрични возила. Тоа е двојно зголемување во споредба со лани. Чисто со погон на батерија се произведени 1,26 милион возила (1,227 продадени).

Приклучните хибриди, коишто се разликуваат од самополнечките хибриди на Toyota, напредуваат со послабо темпо во споредба со чисто електричните возила. За седум месеци, во Кина се продадени 251.000 приклучни хибридни возила, што е за 30% повеќе во споредба со истиот период лани. До јули се произведени 244.000 возила со приклучен хибриден погон, што е за 10% повеќе од лани. Возила што користат водород како погонско гориво, до јули се продадени во 675 примероци, односно во кинеските фабрики во периодот биле произведени 664 водородни возила.

Вкупно во јули во Кина биле произведени 1,863 милион возила, за 4,1 проценти помалку во споредба со истиот месец лани.

>>> Електрично Peugeot e-208 го прошета цело Мариово

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Автосалонот ИАА во Минхен ќе биде „фестивал во градот“

Тест · Kia Sorento 2.2 CRDi Premium