Kia ја продолжи соработката со Total до 2026 година

Kia потпиша нов петгодишен договор со Total Lubrifiants, продолжувајќи ја десетгодишната соработка и најавувајќи дека во следниот период заеднички ќе се истражуваат можностите за настап во делот на мобилноста и електрификацијата.

Новиот договор што важи до 2026 година претставува трето продолжување на соработката. Во следниот период ќе се стави повеќе нагласок на чистата енергија и на смалувањето на емисијата на СО2, преку брзо реагирање на промените на пазарот.

Досегашната соработка овозможи Total да развива точно наменети производи согласно потребите на клиентите. Според потпретседателот на автомобилскиот огранок во Total, Жан Паризо, обновувањето на договорот е „шанса за развој на нови решенија за потребите на електричните и хибридните мотори што се менуваат постојано“.

Основната цел на партнерството е на светскиот пазар заеднички да се понудат производи и услуги со повисок квалитет. Соработката е отворена и за подрачјето на електричните возила и на мобилноста на иднината. Дел од договорот е Kia да продолжи со препорачување на маслата Total во глобалната сервисна мрежа.

>>> Kia EV6 за пет минути полни струја за 100 km: Сите детали за новиот електромобил

Претходна објаваPeugeot испорача 100 примероци од 208 Rally4
Следна објаваVolkswagen Tiguan во освежено издание во Порше

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here