за

Kia Telluride е хит во САД, вторпат во Топ 10 на Car&Driver

Kia Telluride ги задржува одличните позиции и покрај бројните нови конкуренти, жирито на прочуениот Car & Driver најмногу ги цени стилот, перформансите и противвредноста.

KIA telluride amerika

Kia Telluride е избран меѓу 10-те најдобри модели за 2021 година од страна на американскиот магазин Car & Driver. Големиот и дотеран СУВ веќе втора година се пласира меѓу најдобрите. Изборот ги наградува најдобро конструираните и најзабавни патнички автомобили, пикапи, СУВ и ванови на пазарот.

Втора година во низа, Kia Telluride е именуван меѓу 10-те најдобри модели на северноамериканскиот пазар. Уредничката на магазинот Car & Driver, Шерон Карти, оценува: „Импресирани сме колку многу опрема се добива во основната цена на Telluride од $33.160, као возило што е забавно за возење и способно е надвор од асфалтот.“ Ценетата автомобилистка понатаму наведува дека од редакцијата постојано го препорачуваат Telluride на пријателите што бараат голем СУВ, како знак колку многу им се допаѓа возилото.

Telluride беше во конкуренција со 57 модели, вклучувајќи патнички автомобили, пикапи и ванови, пред да се пласира меѓу најдобрите 10. Експертите на светски влијателниот автомобилски магазин ги оценуваат возилата врз основа на противвредноста, концептот и возните својства.

Најдобрите 10 модели за 2021 година според Car and Driver

Chevrolet Corvette Stingray
Genesis GV80
Honda Accord
Kia Telluride
Mazda CX-5
Porsche 718 Cayman / Boxster
Porsche Macan
RAM 1500
Toyota Supra
VW Gold GTI/Jetta GLI

>>> Каква е Kia Stonic по супертестот од 100.000 km на Ауто Билд?

kia stonic супертест ауто билд 100000 километри

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota Yaris освои награда за безбедност од Autobest

Toyota Yaris освои награда за безбедност од Autobest

Специјалист го претвора Ford Ranger Raptor буквално во ѕвер

Специјалист го претвора Ford Ranger Raptor буквално во ѕвер