за

Специјалист го претвора Ford Ranger Raptor буквално во ѕвер

Ford Ranger во верзијата Raptor и досега немаше проблем со терените. Toa секогаш им дава повод на специјалистите delta4x4 да направат уште поекстремна изведба. Оваа е висока 2,2 метри.

Специјалист го претвора Ford Ranger Raptor буквално во ѕвер

Ford го користи името Raptor за екстремните теренски изведби на своите пикапи. Ford F-150 во оваа изведба со 450 КС не е достапен во Европа, но затоа се нуди за нијанса помалиот Ranger Raptor. Пикапот беше на третман кај специјалситите delta4x4 и како секогаш досега, се случи спектакл.

Ford Ranger во изведбата Raptor вози со четирицилиндарски дизел и за своите 2,5 тони располага со подвозје на коешто му се познава дека издржува и големи теренски предизвици. Некои возачи го ценат принципот дека никогаш не е доволно, па бараат уште поекстремно. За тоа е задолжен специјалистот за теренски преработки delta4x4.

Главниот ефект од преработката е повишувањето. Тоа се постигнува со нови пружини и со дистанцијали. По цена на овој кит од 600 евра (цени за Германија), каросеријата се подигнува за 40 милиметри. Следна верзија е кит вреден 2.100 евра, кој го зголемува растојанието од подлогата за уште 100 милиметри.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Кога тоа ќе се комбинира со најголемите гуми што се нудат на пазарот, Ranger станува висок 2,2 метри и со тоа се губи секаква шанса за големиот пикап да влезе во катна гаража. За споредба Volkswagen T6 е висок 1,94 метар. Гумите и тркалата што го овозможуваат тоа се Mickey Thompson со димензија 35×12,5 на тркала од 20 инчи, по цена на 4.900 евра.

По преработката, секој терен ќе биде само поле за играње за високиот Raptor

За проширени крила треба да се додаде уште 1.600 евра, за заштита од карпи под праговите се потребни екстра 600 евра, за предниот заштитен лак со диодни рефлектори уште 1.100 евра.

Зафати во моторот ја зголемуваат моќноста од 213 на 260 КС, додека вртежниот момент од 500 њутнметри се качува на 650 њутнметри. Delta4x4 работи на готова преработка, што ќе чини вкупно 25.000 евра – не вклучувајќи го Ranger Raptor.

Ford Ranger Raptor во ценовникот на Ми-Да Гранд Моторс фигурира со 67.900 евра

>>> Ford Ranger Raptor ќе добие V8 од Mustang само за Австралија

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

KIA telluride amerika

Kia Telluride е хит во САД, вторпат во Топ 10 на Car&Driver

Renault Kangoo

Renault Kangoo скокна во трета генерација