за

Renault Kangoo скокна во трета генерација

Renault Kangoo во првите две генерации живееше во духот на времето, кога на луѓето им беше доволен еден автомобил и за работа и за семејството. Со истиот концепт, новата генерација ќе ги убедува старите купувачи и ќе привлекува нови.

Renault Kangoo

Renault Kangoo во почетокот на кариерата беше миленик на бројни фамилии. Откако голем дел од нив во минатите години се префрли на СУВ, новата генерација на Kangoo ќе има задача да привлече нов круг купувачи, но и да ги убеди старите купувачи.

Renault Kangoo при премиерата на првата генерација кон крајот на 1990-те години, покажа шарм каков што пред него имаше Twingo. Некои во него дури го препознаваа и концептот на легендата R4. Семејниот транспортер со едноставна, а пак неодолива форма, беше исклучително практичен и многу повеќе личеше на „автомобил“, отколку двојката Partner и Belingo, што исто така беше свежа со својот концепт во тоа време. Французите дури и си правеа шеги на своја сметка, со прочуената тв-реклама, во којашто носорог лично и персонално се запознава со Kangoo, сметајќи го како привлечна партнерка. Вкупно четири милиони примероци возила се произведоа под ова име.

Во минатите години, некогаш омилените транспортери со висок покрив ја изгубија привлечноста и беа целосно засенети од СУВ-модели од секаква големина и класа. На овие повеќенаменските возила им останаа само основниот ценовен сегмент и пазарот на доставни возила. Kangoo и сличните на него уживаат голема популарност меѓу занаетчиите, службите за достава и генерално меѓу стопанствениците.

Renault Kangoo доби и двојник, и тоа со сребрена ѕвезда во маската

Како што напредуваа годините, Renault Kangoo доби и двојник. Тоа е Mercedes Citan, кој не е друго освен Kangoo со сребрена ѕвезда. Во новата генерација, Citan повторно ќе ја дели техниката со Kangoo, иако се најавуваат поголеми разлики во изгледот отколку досега.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Во поглед на стилот, новиот Kangoo изгледа симпатично и ја следи актуелната линија на моделите на Renault. Нема промени во концептот со дебелиот опаш и со двете лизгачки врати. Французите ќе го нудат Kangoo во две каросериски верзии. Во стандардната верзија ќе стои на располагање товарен простор со зафатнина од 3,3 до 3,9 метри кубни, додека во продолжената верзија ќе има меѓу 4,2 или 4,9 метри кубни простор.

Под хаубата ќе работи дизел, бензинец или хибрид, но се најавува и верзија со чисто електричен погон. Моторите потекнуваат од постоечката моделска понуда на Renault и во верзија со три или четири цилиндри ќе покриваат дијапазон на моќност меѓу 75 и 125 КС.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Во внатрешноста нема експерименти и истата е изведена мошне едноставно. Новина се средишниот мултимедиски систем, паркинг сензорите напред и назад, диодните предни светла, самостојното запирање при опасност од судир, но и дигитален ретровизор, кој ќе биде од голема помош во фургон-верзиите со целосно затворен товарен простор.

Посебна варијанта е Renault Express, наменет за млади компании и за мали возни паркови. Идејата со оваа варијанта со добро познато име во понудата на Французите е да се понуди возило со исклучителна противвредност. За пазарите вон Европа ќе се нуди патничка верзија на Express, со пет седишта и голем багажник. Двете верзии на Express ќе се произведуваат во фабриката во Мароко. Транспортната верзија на Kangoo овозможува полесно товарење. Со 1,45 метар, оваа верзија моментно располага со најширока странична врата во сегментот, што е речиси двојно повеќе во споредба со претходникот.

Пазарниот старт е најавен за напролет.

>>> Renault Kangoo Z.E. доставува товар возејќи на батерии

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Специјалист го претвора Ford Ranger Raptor буквално во ѕвер

Специјалист го претвора Ford Ranger Raptor буквално во ѕвер

toyota bmw

BMW е за продолжување на соработката со Toyota