Во почетокот на 2013 година беше објавено дека Toyota ќе испорачува технологија на горивни ќелии за BMW. Тоа беше надополнување на претходниот договор. Во 2011 година, BMW и Toyota се договорија заедно да развиваат литиум-јон батерии.
Соработката напредуваше дотаму што BMW и Toyota започнаа заеднички да развиваат нов спортски автомобил. Оттаму произлегоа Toyota Supra и BMW Z4. Во почетокот на годинава беше објавен уште еден плод од сорасботката – BMW X5 со погон на водород. Оваа соработка ќе продолжи до 2025 година, но шефот Оливер Ципсе деновиве укажа дека неговиот концерн е заинтересиран за соработката да продолжи и по тој рок.
Според германскиот топ-менаџер, соработката со Јапонците се одвива одлично, па дури најави дека е можно и натамошно проширување на соработката. Во изјава за новинската агенција Ројтерс, Ципсе нагласи дека уште гледа голема иднина во автомобилите со горивни ќелии, а Toyota може да има интерес од тоа.
Шефот на BMW цени дека соработката во делот на спортските автообили може да продолжи и во иднина. Toyota Supra користи мотори од BMW и се базира врз заеднички развиена платформа. Според Ципсе, прашањето повеќе е околу тоа, каква улога во иднина ќе имаат спортските автомобили во стратегијата на BMW. Дали тоа значи дека во иднина ќе се појави германски родстер со јапонски хибрид или можеби со погон на водород? Браншата се менува со вртоглава брзина, сé е можно.
>>> Toyota Supra ќе добие мотор од BMW M3?
















