На љубителите на операта ќе им биде најверодостојно како шпанскиот тенор Запата Тенор го опишува Kia Sportage во верзија со хибриден погон: „El Sportage es tan innovador como un do de pecho“, преведено Sportage е иновативен исто како ‘до де печо’. Тоа е вештина со којашто владеат само врвните оперски пејачи.
Запата Тенор, врвен шпански тенор, стана нов амбасадор на Kia во Шпанија. Неговото амбасадорско возило е Kia Sportage 1.6 TGDI HEV GT LINE 4X4. Бестселерскиот СУВ на марката првпат е достапен во изведбa со хибриден погон.
Оперскиот пејач, роден во Гранада, го опишува автомобилот: „Ми се допаѓа иновативниот дух на Kia, којшто се прикажува во сите модели на маракта. Sportage е како до де печо. Дали знаете дека пеењето До 5, своевремено беше голема иновација: Жилбер Дупре се охрабри да го испее тоа, без фалсет како што претходно се изведуваше, и тоа ја смени историјата на операта. Во мојата нова Kia Sportage го препознавам истиот дух, со многубројни иновативни елементи и технологии, коишто ми овозможуваат да постигнам поголема одржливост и поврзаност.“
Запата е на сцената подолго од 20 години и во својата кариера имаше чест да пее во најпрестижните оперски куќи, вклучувајќи ги њујоршката Метрополитен, Театро Реал во Мадрид, Театро Лисео во Барселона, Росини Опера Фестивал, Берлинската Опера, Театро Шател во Париз, Сермперопер во Дрезден, Театро Масимо во Палермо, Театарот на Виена, Дојче Опер Рајн и Палатата на убавите уметности во Брисел.
Шпанскиот уметник е познат и по создавањето и режирањето шоу-програми во најголемите шпански и латиноамерикански театри, како „Concierto para Zapata y Orquesta” или „From Bach to Radiohead“. Целта на овие спектакли беше демократизација на музиката што му е омилена на Запата и за којашто тој верува дека го менува животот на луѓето кои ќе дојдат во контакт со неа.
Во последните години, тој е активен и како мотивациски говорник во „Cómo dar el do de Pecho“, со коишто Запата е посебно влијателен во шпанското говорно подрачје. Во 2021 година, тој се придружи како член на жирито на талент шоуто Prodigios на кабналот TVE1.
Моделот што ќе му служи на Запата Тенор е Kia Sportage 1.6 TGDI HEV GT LINE 4X4. Погонската спрега се состои од 1.6 T-GDI, од електромотор со моќност од 60 КС и батерија од 1,49 kWh. Системската моќност изнесува 230 КС. Sportage првпат е развиен во моделска изведба што посебно е конструирана за европскиот пазар и во каросеријата и дотерувањето на подвозјето се разликува од азиската и американската изведба.
Првиот триумф на новиот Kia Sportage: Поевтин и поопремен од Hyundai Tucson
















