за

Десет врвни звучници од Focal го претвораат Peugeot 308 во концертна сала

Focal е име што им значи на аудиофилите, нивните врвни звучници Utopia Grande чинат колку суперспортски автомобил. Во новиот Peugeot GT работи техника на Focal, но со далеку помалку нули во цената.

Четири години траеше развојот на звучниците на Focal што точно се приспособени според кабината на новиот Peugeot 308. Секако дека од ова име може да се очекува само врвно слушно доживување. Станува збор за производител на т.н. аудиоезотерија, чијшто врвни модели достигнуваат вредност на куќа. Француската врска функционира, па техника на Focal може да се добие и во новиот Peugeot 308.

Новата генерација на Peugeot 308 успева во многу нешта, а меѓу бројните способности на францускиот техно-компакт секако се цени и можноста автомобилот да се претвори во концертна сала. Двете француски компании, Peugeot и Focal, минаа четири години во точно одредување на положбата на секој звучик во кабината, за секој патник да може исто да ужива во врвниот звук.

Се внимавало на сите детали, вклучувајќи ја формата на облогата во вратите, на решетките на отворите за проветрување, на материјалот за обложување на арматурната табла, на стаклата. Звукот во Peugeot 308 се шири точно како што предвиделе аудио-инженерите на Focal, без да се создаваат рефлексии, дисторзии, секакви можни прекршувања и изобличувања на звукот што би можело да го нарушат врвното слушно доживување.

Дури и формата на багажникот била предмет на анализа од техничарите на Focal, затоа што таму е сместен сабвуферот. Францускиот производител на врвна аудиотехника, којшто е здружен со Naim, уште едно врвно име во аудиоезотеријата, опишува дека звучната атмосфера во Peugeot 308 е стабилна и прецизна, гласовите се чисти и детални, а басот е длабок и моќен.

Соработката меѓу Peugeot и Focal трае од 2014 година. Во почетокот, таа се сведуваше на салонските автомобили, како камионот за храна Bistrot du Lion, концептите FRACTAL, INSTINCT, e-LEGEND… Потоа, соработката напредуваше во сериските автомобили, прво во 2008, па потоа во 3008, 5008, 508 и 508 SW.

Focal подолго од 40 години произведува врвна категорија звучници, мониторски звучници за студија за снимање, слушалку и аудио китови за автомобили и глисери. 

Тајните на аудиофилската технологија во новиот PEUGEOT 308

New item by Automedia MK / Google Photos

FOCAL Premium Hi-Fi системот во новиот PEUGEOT 308 се состои од 10 звучници со ексклузивна патентирана технологија:

  • 4 TNF високотонци со превртена алуминиумска купола,
  • 4 басови/среднотонци со мембрана од полиглас и пречник од 16.5 cm со техника на TMD (Tuned Mass Damper),
  • 1 централен канал од полиглас,
  • 1 Power Flower овален сабвуфер со тројна намотка.

Десетте звучници се порзани со нов 12-канален засилувач од 690W (class D), којшто користи дигитална обработка на звук од ARKAMYS.

TNF високотонци со превртена алуминиумска купола

New item by Automedia MK / Google Photos

Високотонците со превртена купола се заштитен знак на Focal и во сиве години досега минуваа низ постојано напредување. Покрај тоа што имаат широк агол на дисперзија, главната предност им е во малиот пречник на намотката. Тоа овозможува звучникот да биде исклучително лесен и да забрзува полесно.

Посебноста на пристапот на Focal е во работењето директно на емисијата на звукот, односно на механичките карактеристики на материјалите.

Бас среднотонец (16,5 cm) и централен звучник (8 cm) со мембрана од полиглас и TMD (Tuned Mass Damper) суспензија

New item by Automedia MK / Google Photos

Технологијата полиглас исто така е ексклузивност на Focal и се состои од нанесување тенок слој од стаклени микрочестички на мембрана од целулозна пулпа. На тој начпин се постигнува придушување на хартиен звучник со крутост на стакло. Индексот на крутост е речиси 10 пати повисок отколку на полипропиленот, па дури ја надминува и цврстината на еднослоен кевлар.

Дотерувањето на соодносот меѓу масата – крутоста – придушувањето, резултира со исклулителна линеарност во целото фреквентно подрачје, што произлегува од самиот дизајн на мембраната. Звукот се одликува со мошне прецизна дефиниција на средните фреквенции.

Суспензијата TMD (Tuned Mass Damper) со придушување на хармониците е патентирана иновација што има за дел да ја подобри репродукцијата на средните тонови. Тоа е најсложеното подрачје за работа во еден звучнички систем. Од една страна, средните фреквенции мора да ја следат енергичноста на бас каналот. Од друга страна, средните тонови мора да се совпаѓаат со високотонецот, во поглед на дисипацијата на звукот и забрзувањето. Од тоа зависи хомогеноста на бојата на звукот.

Со користење на нумеричка анализа со метод на конечни елементи, тимовите на Focal развија алатка што им овозможува да го следат динамичното однесување на суспензијата, којашто го спојува конусот со корпата. За засилување на придушувањето обично се зголемува масата, но со тоа се влошува дефиницијата на звукот. Focal најде решение за тој проблем, со користење техника што се користи во антисеизмичките системи во висококатниците. Истата техника наоѓа примена и во тркачките болиди. Оваа техника, Focal ја нарекува „Tuned Mass Damper“. Станува збор за додадена маса што осцилира спротивно од резонансата и на тој начин ја потиснува истата.

Сабвуфер Power Flower со тројна намотка

New item by Automedia MK / Google Photos

Технологијата Power Flower е уште едно обележје на звучниците на Focal. Таа доаѓа директно од фамозните звучници Utopia и се состои од тоа Power Flower го заменува вообичаениот ферит и претставува извор на силно магнетно поле. Резултатот е стабилен и цврст бас до екстремни вредности на притисок на звукот.

Врвниот аудио-систем Focal работи и во Peugeot 3008 HYbrid4 што зимоска го имавме на тестирање во Аутомедиа, на 100% електричната тура по Галичник · Линк до тестот

Покрај тоа што со замената на феритот со неодимиум постигна моќна магнетна енергија, Focal со оваа технологија постигна големи промени и во ладењето. Просторот меѓу магнетите дозволува слободно циркулирање на воздухот, а со тоа и одлично ладење на намотката. Бидејќи намотката се загрева помалку, повеќе не постои ограничување на моќноста.

Peugeot го вградува овој импресивен систем во GT-нивоата на својот 308. Во ценовникот на Еуроимпекс, доплатата за аудио систем Hi-Fi Premium FOCAL чини 850,00 за Peugeot 308 GT. Истиот е стандард во GT Pack.

Сите моделски изведби на Peugeot 308 што се нудат на македонскиот пазар можете да ги погледнете во нашиот онлајн-каталог Автосалон.мк, со детални технички податоци, нивоа на опрема и можност за споредба со други модели

Inventory

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На шпанскиот тенор Запата ќе му биде тивко, но забавно во хибридна Kia Sportage

Серијата 2 е универзален BMW