Прочуениот шпански тенор Запата Тенор направи чекор понапред во правец на електромобилноста. Како амбасадор на марката во Шпанија – и „колега“ на Рафа Надал – Тенор ја замени досегашната Kia Sportage 1.6 TGDI HEV GT Line 4X4, со нова верзија Sportage PHEV Tech 4X4.
Откако во изминатата година ги стекна првите искуства со начинот на работа на хибридниот погон во Kia Sportage, шпанскиот оперски пејач знае мошне вешто да го објасни дејствувањето на техниката. Запата Тенор: „Неверојатно е како овој автомобил го применува принципот на задржување на енергијата, познатата теза дека енергијата ниту се произведува, ниту се губи.“ Во новата верзија на Kia Sportage, со приклучен хибриден погон, Тенор ќе може многу подолги растојанија да минува чисто во електричен режим на работа.
За својот нов автомобил, Тенор има посебно интересен опис: „Јас тука се гледам како диригент: Сакам да пејам, компонирам, создавам шоу, да диригирам со оркестарот…“
За Едуардо Дивар, генерален менаџер на Kia Iberia, изборот на Запата Тенор е погоден: „Тој пренесува голем дел од вредностите на Kia: Тој е витален, иновативен, страстен и има многу енергија и квалитет. Тој дури успеа да направи преработка на ‘The Trooper’ на Ајрон Мејден!“
Тенорот Запата е на бината подолго од 20 години и ја имаше честа да пее во Метрополитан Опера во Њујорк, во Театро Реал во Мадрид, Театро Лисео во Барцелона, Росини Опера Фестивал, Берлинската Опера, Шателе во Париз, Земперопер во Дресден, Масино во Палермо, Виенскиот Театар и на уште голем број светски ценети бини.
View this post on Instagram
Sportage е меѓу петте модели со приклучен хибриден погон во понудата на Kia, покрај Ceed SportsWagon PHEV, Xceed PHEV, Niro PHEV и секако Sorento PHEV. Двата големи СУВ-модели, Sportage и Sorento, располагаат со најголемата батерија и со најсилните електромотори во PHEV-гамата: Електромотор со 66,9 kW и батерија од 13,8 kWh. Со енергијата во батеријата, Sportage може да извози во електричен режим околу 70 километри, односно десетина километри повеќе ако се вози само во град.
















