за

Kia Sorentо да остане без Black Edition ќе биде чудно

Британскиот огранок на Kia побрза да го стори тоа што е сосем извесно дека ќе му следи на знаменосецот Sorento на целиот европски пазар – Black Edition.

Серијата Black Edition кај претходната генерација на Kia Sportage постигна продажен бум, во време кога и целата моделска серија на компактниот СУВ уживаше шампионски продажби. Оттогаш уште неколку модели го добија третманот Black Edition. Сега следи и Sorento, најпретставителниот модел на Kia во Европа.

Менаџерите на Kia за британскиот пазар се толку уверени во изведбата Black Edition на знаменосецот Sorento, што таа ги заменува сите досегашни нивоа на опрема и во иднина ќе биде единствената варијанта на моделот. На големиот пазар за марката, новата моделска изведба на Sorento се води само под името Edition, без Black.

Sorento Edition е премиум ниво за СУВ-седумседот, коешто доаѓа со екслузивни црни тркала од 20 инчи за изведбата на моделот со дизел мотор, со камери во 360 степени, премиум аудиосистем Bose со 12 звучници, проекциски дисплеј и сончев покрив. За каросеријата може да се избира меѓу бисерно бела, графитна или црна боја. Внатрешноста е комплетно кожена, секако во црна боја, а тоа е воедно и бојата во којашто се облагородени бројни детали во надворешниот изглед.

Сите три погонски варијанти може да е комбинираат со Edition – дизелот, хибридот и приклучниот хибрид. Со единственото и премиум ниво, се заменуваат досегашните нивоа 2, 3 и 4. Црните детали на каросеријата му даваат посебен печат на претставителниот Sorento. Тоа важи за црната маска, црните капи на ретровизорите, црните носачи за багаж на покривот и црните рамки околу страничните прозори. Дизел-изведбата доаѓа со црни тркала од 20 инчи, додека за останатите две погонски варијанти следат за еден инч помали тркала.

Опремата за британскиот пазар го содржи тоа што за Sorento го знаеме и од македонскиот пазар. Во оваа премиум варијанта Edition, доаѓаат уште панорамски покрив, проекциски дисплеј, електрично отворање на задниот поклопец, паркирање со далечинска контрола, премиум аудио Bose со 12 звучници и веројатно дваесетина системи за асистенција.

Цената на Kia Sorento Edition во Британија изнесува £49.495, односно околу 57.500 евра. Испораките на моделот на тамошниот пазар ќе стартуваат во следната пролет, во првиот квартал од 2023 година.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

Неколку од најзначајните награди што Kia Sorento ги освои во Британија:

Large SUV of the Year’ (2021 What Car? Car of the Year Awards

Best Large SUV (Women’s World Car of the Year Awards 2021)

Best Large Family Car (2022 Parkers New Car Awards).

Тест · Kia Sorento 2.2 CRDi Premium

Кон вебсајтот за моделот на Киа Моторс Македонија

https://kia.mk/models/sorento/introduction

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тест · Citroen C3 · Рутината не е во речникот на овој автомобил

Opel Kadett пред 40 години првпат доби дизел мотор