Тоа е втората најпродавана Kia и сега добива освежување

Kia го најавува моделското годиште 2024 на својот Seltos како „автомобил што е создаден да ги освои клиентите кои уживаат во животот во движење“. Seltos се продава одлично на пазарот во САД, па тоа во голема мера придонесува компактниот СУВ во светски рамки да биде втор најпродаван модел на марката, по Kia Sportage. Во Европа, неговото место на пазарот го покрива XCeed. Што подготви корејскиот производител за освежувањето на својот „втор бестселер“?

Кампањата за Kia Seltos во САД, неговиот главен пазар, пред Аустралазија, Кина и Индија, го претставува моделот преку идејата дека секој е „способен за големи нешта“. Моделското годиште 2024 на Kia Seltos доаѓа со неколку освежувања во изгледот, со плус 20 КС и со нова изведба X-Line за теренско возење.

Во рекламното видео насловено „Drop Off”, во коешто како ликови се појавуваат татко и ќерка во Kia Seltos SX, ќерката додека вози го прашува татка си, „да скршнеме?“ по што следи одобрение, за возењето да продолжи по земјен пат. Откако патот ги води до врв на планина со одушевувачка глетка, тие се договараат за следната авантура.

Заменик директорот за маркетинг на Kia America, Расел Вагнер, објаснува дека „неочекуваното патување на таткото и ќерката во нивната Kia Seltos ги претставува неочекуваните патувања што животот ни ги чува подготвени за сите нас“.

Моторот од 1,6 литар со турбонатполнење сега располага со 195 КС. Во изведбата со погон на сите тркала може да се користи и блокада за распределбата на вртежниот момент меѓу двете оски да се заклучи во сооднос 50:50, за совладување посебно тежок терен или поаѓање на исклучително лизгава подлога.

Врвната изведба Seltos LX на пазарот во САД чини 29.990 долари, без вклучен транспорт и подготовка на возилото за испорака – тоа додава уште околу две илјади долари на цената, зависно од местото на испорака.

Со должина од 438 сантиметри, Seltos e долг исто колку XCeed, повеќе има разлика во висината, со 162 саниметри, наспроти 150 сантиметри на европскиот кросовер.

Претходна објаваMercedes ја зголеми продажбата за 3 проценти, главни се електричните и најлуксузните модели
Следна објаваКои беа Tigra, Scamp, Roadster на штандот на Opel на ИАА во 1993 година?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here