за

Kia постигнува рекорден удел на британскиот пазар

Kia во првите три месеци од годината учествувала со рекордни 4,79 проценти на британскиот пазар. Вкупно се продадени 20.365 возила до март.

Kia e-Niro Сеул дава по 13.500 евра за такси-компаниите да купат електромобил
Kia e-Niro Сеул дава по 13.500 евра за такси-компаниите да купат електромобил

Првите три месеци од годината ѝ донеле на Kia историски рекорд во продажбата на возила на пазарот во Велика Британија.

Kia во периодот од јануари до март продала 20.365 возила на важниот британски пазар, што одговара на учество од 4,79 проценти. Во истиот период лани, уделот на корејската марка изнесувал 4,61 проценти. Тоа што ги радува уште повеќе менаџерите на марката е напредувањето во делот од пазарот што ги опфаќа електричните и хибридните возила. Kia е втора најпродавана марка чисто електрични возила на пазарот во Велика Британија годинава. Кросоверот Kia e-Niro е втор најпродаван модел со погон чисто на струја во земјата. Од почетокот на годинава се регистрирани 3.269 примероци.

Вкупната продажба на сите модели во март достигнала 11.221 примероци и покрај отежнатите услови на работа. Дилерската мрежа во земјата презема чекори за на купувачите да им овозможи „далечинско“ купување возило, меѓу другото и преку ценетата услуга ‘click and collect’. Во истата насока помагаат и алатките за онлајн-комуникација ‘Online Chat’. Салоните во земјата повторно ќе се отворат за неколку денови, што ќе донесе уште поголем поттик во продажбата.

Што се однесува до македонскиот пазар, Kia се држи мошне солидно во услови на пандемијата и според непотврдени податоци, во февруари била трета најпродавана марка во Македонија, со 35 возила, по Toyota со 41 и Skoda со 38 возилa.

>>> Тест: Kia Stonic 1.2 Reference

Забавата што Stonic ја нуди зад воланот често пати ќе се покаже како повод за да се извози надвор од градот и таму да се ужива во улогата на Stonic како „теренец“

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Škoda го произведе 750.000-от автомобил во Русија

Bentley Continental GT3 со биогориво ќе се качува на Пајкс Пик