Киа ја заврши минатата година со рекордна продажба, за 2026 се предвидува раст

Киа во минатата година продаде 3,13 милиони возила на светскиот пазар, поставувајќи нов рекорд. Продажбата надвор од Кореја порасна за 2% и достигна близу 2,6 милиони возила.

Од целата продукција на Киа во минатата година, на извозните пазари се испорачани 80 проценти. Само еден од секои пет произведени автомобили е продаден во Кореја; На сликата е новиот Селтос, од годинава и во Европа

Раст од два проценти во продажбата на извозните пазари и еден процент во плус на домашниот пазар е билансот на Киа за 2025 година. Тоа се 2.584.238 возила надвор од Кореја и 545.776 возила на домашниот пазар на марката.

Корпорацијата Киа објави дека во 2025 година продала 3.135.803 возила, поставувајќи нов рекорд. Со тоа е постигнат раст од 2 проценти во споредба со претходната година.

Во објавената статистика не влегуваат возилата за специјални намени, односно главно возила за војската. На извозните пазари се продадени 2.584.238 возила, со раст од 2 проценти, додека на корејскиот пазар е постигнат раст од 1% со продадени 545.776 возила.

Не е изненадување тоа што Спортаж и во 2025 година го задржа насловот на најпродаван модел на Киа, со 569.688 примероци. Втор е Селтос, со продадени 299.766 примероци, а високо се наоѓа и луксузниот СУВ-модел Соренто, со 264.673 примероци. Селтос од годинава ќе се продава и во Европа, вклучувајќи го секако македонскиот пазар.

Производителот наведува дека главната заслуга за рекордната продажба има пуштањето на новите моделски серии, како електричната Киа ЕВ3 – којашто дури и на нашата сцена привлече внимание, со возниот парк од 70 возила за штипско Сити Такси –потоа лимузината К4 и хибридниот МПВ-модел Карнивал.

Дополнителен поттик дојде од стабилизирањето на испораката на суровини и делови, како и од брзото реагирање на промените во условите на пазарот, што главно се однесува на воведувањето на царините во САД.

За 2026 година, Киа планира да продаде 3.350.000 возила, што би претставувало раст од близу 7 проценти. Планот за извозните пазари е продажба на 2.775.000 возила (+7,4%), односно 565.000 возила (+3,5%) на корејскиот пазар. Дополнително се смета на 10.000 возила по посебна нарачка, односно за посебни намени.

Премиум Брендс ја најави новата Киа Стоник, цената на исто ниво со претходничката

Марката во 2025 година се менаџираше во насока на зголемување на продажбата на хибридни модели во САД и зајакнување на позицијата во Европа, преку раст во продажбата на електрични возила.

За 2026 година, надежите се во новите СУВ-модели, Телјурајд во САД и Селтос на светскиот пазар, коишто ќе добијат повеќе варијанти со хибриден погон.

Претходна објаваАлпина станува дел од БМВ, но нема да го носи знакот на БМВ
Следна објаваДонгфенг качи на брод 400 примероци од луксузниот М-Херо за Средниот Исток

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here