Менувањето на името донесе и нова ознака. Таа ќе биде поставена средишно на вратата на багажникот на идните модели, на местото на традиционалниот сино-бел знак на БМВ. Буквите се напишани асиметрично и го следат изгледот на логото на Алпина од 1970-години.
БМВ уште во минатото лето го регистрираше новото лого за Алпина во германскиот завод за патенти и марки. Новото лого се разликува од досегашниот знак што во средината содржи грб и има кружна форма со внатрешност што е преполовена вертикално.
Познатите симболи во знакот на Алпина, а тоа се коленасто вратило и двоен карбуратор, остануваат во логото, но се прикажани во поедноставена форма.
Во регистрацијата на логото се наведува дека тоа е изработено во црно-бела боја, место во досегашните бои, односно во сина и црвена боја. Типографијата исто така се разликува од таа што ја користи БМВ. Засега нема информации кога ќе почне да се применува новото лого и како истото ќе се поставува на возилата.
Стратегијата на БМВ Алпина не се менува. Производителот и натаму ќе изработува врз база на модели на БМВ со силни мотори, коишто се ориентирани за долги патувања и нудат врвен комфор и луксуз.

Сериските модели на БМВ ќе се преработуваат во поглед на материјалите, квалитетот на изработката и работењето по посебна нарачка. Во моментов не се наведува кои нови модели се во план и каков е планот за понудата од модели во иднина.

















