Киа ПВ5 е најдобар семеен автомобил според Топ Гир

Светската титула на Ван на годината за Киа ПВ5 е обезбедена, првото електрично доставно возило на Киа продолжува со следни титули. Овојпат е награда од Би-би-Си Топ Гир, за најдобро семејно возило за 2026 година.

Патничката изведба на Киа ПВ5 е прогласена за „Семеен автомобил на годината“ во изборот на Топ Гир.

Кусо по освојувањето на светскиот наслов на Ван на годината, Киа соопшти дека следи уште една важна награда, за Семејно возило на годината во изборот на Би-би-си Топ Гир за 2026 година.

Свеченото прогласување на победниците се одржа во Белата градска куќа во Лондон, како круна на изборот на најиновативни и највлијателни возила што се појавиле на сцената во изминатата година, од најразлични категории.

Киа има долга традиција на успех на изборот на Топ Гир, по насловите за Производител за 2022 година, како и Автомобил на годината за ЕВ6 (2021), ЕВ9 (2023) и ЕВ3 (2024). Сите овие наведени модели се електрични и Киа со тоа добива признание дека умее да се справи со погонот на струја.

Секако и ПВ5 е целосно електричен модел, којшто има посебно развиена конструкција, со цел да се овозможи едноставно приспособување на возилото за секаква примена, од обичен фургон, до луксузно комбе за превоз на патници.

Марк Хердих, претседател и извршен директор на Киа за Европа, изјави по овој повод, дека „Патничкиот ПВ5 е ново поглавје за достапната и практична електрифицирана мобилност во Европа. Неговата просторна конструкција, приспособливоста и удобното возење, сведочат дека ПБВ (возила што се констурирани за одредена намена) совршено се надополнуваат на секојдневниот живот на семејството.“

Директорот кажа дека ПБВ-моделите веќе се вдомуваат во редовната понуда кај дилерите на Киа на европскиот пазар.

Киа одбележа 80-годишнина, прикажа автомобил од иднината

Авторите на Топ Гир при изборот на Киа ПВ5 беа убедени од „исклучително просторниот и приспособлив ентериер, со практичност на ван, а со компактни димензии, како и од „мазното и префинето возење што е несвојствено за возилата со слична големина и форма.“

Ванот се докажа и со штедливоста и лесното возење, а секако дека решаваше и достапната цена, односно противвредоста.

По ПВ5, Киа ќе пушти во продажба и поголеми модели ПВ7 и ПВ9. Целта е до 2030 година да се достигне продажба од 250.000 возила од овој вид годишно.

Претходна објаваЦ5 Еркрос ја заокружува успешната тројка на Ситроен
Следна објаваЕУ размислува да ги ослободи од царина автомобилите на Фолксваген што се произведуваат во Кина

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here