
Купра и Сеат, шпанскиот огранок на концернот Фолксваген, го произведува својот целосно електричен СУЦ-модел Таваскан во фабриката на концернот во Анхуеј и предупреди дека царините би можеле да го загрозат бизнисот.
Комисијата на ЕУ, којашто во октомври 2024 одреди царини, како заштитна мерка против субвенциите што Кина им ги дозволува на своите производители на електрични автомобили во земјата, соопшти дека добила понуда, за фабриката на Фолксваген во Анхуеј да ја изземе и дека ќе провери дали понудата е прифатлива и применлива.
Фолксваген Анхуеј и Сеат „напорно работеа за да осигурат дека предлогот е во согласност со сите барања,“ кажа претставник на Сеат.
„Предлогот вклучува годишна квота за увоз и минимална увозна цена,“ кажа претставникот, без да наведува подробности.
Доколку предлогот се прифати, комисијата ќе одобри изземање од царинската стапка од 20,7 проценти во рок од неколку месеци, стои во соопштението од Сеат.
Фабриката на Фолксваген во Анхуеј е во мнозинска сопственост на концернот и заедничка инвестиција е со кинеската автомобилска групација ЈАЦ.
[the_ad id=”85764″]
Комисијата во април соопшти дека се сложува со предлогот на Кина, да се одредат минимални цени за електричните автомобили што се проиведуваат во Кина, во замена за царините, меѓутоа напомена дека минималните цени треба да бидат исто толку делотворни и спроведливи како царините.















