Најголемиот поттик за продажбата доаѓа од домашниот пазар, каде што Kia постигнала раст од 31 проценти, со вкупно 37.583 возила. Напредува и продажбата надвор од Кореја, со +2,9% и продадени 172.594 возила.
Корејскиот производител објави дека во претходниот месец продала 210.177 возила, за седѕум проценти повеќе отколку во вториот месец лани. СУВ-понудата ја предводи светската продажба на Kia, со Sportage и Seltos, кои се продадени соодветно во 26.790 и 26.619 примероци. По нив следи градскиот модел Rio со 18.417 примероци.
На домашниот пазар на Kia се продадени 37.583 возила, за 31 проценти повеќе од февруари лани. Ова нагло зголемување се должи на прекините во производството што се случија лани, во најголемиот пандемиски напад. Предводници во зголемувањето на продажбата во Кореја се миниванот Carnival и лимузината K5.
Во споредба со февруари лани, продажбата надвор од Кореја достигнала 172.594 примероци или за 2,9% повеќе. Главни мотори на продажбата се Sportage и Seltos SUV, по нив следи лимузинската изведба на Rio.
И покрај отежнатите пазарни услови поради пандемијата, Kia ќе продолжи да работи на Plan S, кој доби неколку нови одредници во претходниот месец, за електрификација на понудата од модели и за воведување нови услуги за мобилност. Се најавуваат и нови модели, првиот електричен автомобил на Kia што поседува сопствена платформа и не ја дели со модели со обичен погон, како и нова генерација на K8, наследничка на луксузниот K7.
















