Фабриката на Mercedes во Берлин-Мариенфелде ќе стане центар за дигитализација во глобалната производствена мрежа на концернот. Тежиштето е ставено на развој и примена на MO360, дигиталниот и еколошки производствен систем на Mercedes.
Mercedes-Benz вложува неколку десетици милиони евра во трансформацијата на својата фабрика во Берлин-Мариенфелде во кампус за развој, тестирање и промена на напредни софтверски апликации што ќе се користат во целата производствена мрежа на компанијата. Покрај тоа, ќе се монтираат и компоненти за електричен погон.
Тоа е најстарата производствена локација во мрежата на Mercedes-Benz. Се вложува во изградба на дигитална тест фабрика, во којашто ќе се испробуваат најсовремени техники и процеси на производство. Се планира во одржувањето и сервисирањето на производствените постројки да се користи вештачка интелигенција.
Берлин ќе стане и MO360-центар за проверка и обука за сите фабрики на Mercedes-Benz ширум светот. Дигитализацијата е главна тема. Веќе неколку години во фабриката се применуваат апликации на Индустрија 4.0 и се негува концептот на таканаречена „паметна фабрика“.
Берлинската фабрика е најверодостоен пример за правецот во којшто во иднина ќе се развива, не само производството во Mercedes, туку и во целата бранша
На историската локација во Берлин ќе се става сé поголем нагласок на производството на компоненти за електрични погонски единици, а полека ќе згаснува производството на класични мотори. Годинава е планирано да стартува завршна монтажа на електрични компоненти за идните модели со електирчен погон во гамата на Mercedes EQ, како и монтажа на таканаречени EE-Compartments, за интелигентна интеграција на електроника за батериски системи, меѓу другото и за EQS – електричната изведба на S-Class.
>>> Новиот Mercedes S-Class доби нова фабрика: Отворена е Factory 56

















