Замена на старите со нови ЛЕД-светилки е влог за безбедноста

Замената на обичните халогени светилки со нови ЛЕД-светилки е вреден влог во безбедноста. Така покажа новото тестирање на АДАК за првите диодни светилки што се дозволени за заменско вградување во возилата, односно за таканаречени „Retrofits“. Се тестираше со Osram Night Breaker H7-LED, во поглед на вградувањето, ефикасноста и фунционирањето.

Во споредба со халогената техника, диодните светилки го осветлуваат патот посилно и подалеку. Предметите на работ на патот можеа да се препознаат порано и од поголемо растојание. Заслепување на останатите учесници во сообраќајот по вградувањето на светилките не беше утврдено.

Вградувањето беше лесно, но потребна е умешност, затоа што треба да е внимава за светилката правилно да налегне. Поради тоа, по вградувањето – исто како и секое менување светилка – треба во сервисна работилница да се провери дали светлата се насочени правилно.

Osram Night Breaker смее да се вградува само во возилата во коишто тоа е одобрено. Клубот АДАК цени дека диодните светилки за замена претставуваат огромна придобивка за безбедноста. Тие светат подолго, пошироко и посветло од обичните светилки.

>>> https://www.osram.com/ecat/NIGHT%20BREAKER%20H7-LED-LED%20high%20and%20low%20beam%20lamps-Car%20lighting-Automotive/com/en/GPS01_3401765/

https://photos.app.goo.gl/rzDncXp7w68Xr6Rr7

>>> LED-светлата станаа стандард, врвот се ласерски и матрични светла

Претходна објаваVolvo C40 Recharge е шведскaта „Tesla“, ќе се продава само онлајн
Следна објаваKia продолжува со раст, продажбата во +7% во февруари

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here