Киа во третиот квартал продаде 150.000 хибридни и електрични автомобили

Џоди Кид во фотосесија за почетокот на продажбата на Киа ЕВ9 во Обединетото Кралство

Корпорацијата Киа денес ги објави резултатите од бизнисот во третото тромесечје од 2023 година. Во периодот од јули до септември, Киа продала на светскиот пазар 778.213 возила или за 3,5 проценти повеќе во споредба со истиот период лани.

Компанијата во изминатиот квартал постигнала промет од 25,55 трилиони корејски вони (17,8 милијарди евра), со оперативна добивка од 2,87 трилиони вони (над 2 милијарди евра). Според тоа, прометот е зголемен за 10,3 проценти, додека оперативната добивка постигнала раст од дури 272,9 проценти.

Чистата добивка на Киа за третиот квартал изнезсува 2,22 трилиони вони, што соодветствува на 1,55 милијарда евра. Во споредба со лани, профитот е зголемен за 384 проценти.

Освен од растот во продажбата, што се темели врз високата побарувачка за возилата на Киа на светскиот пазар, профитабилноста на Киа е зголемена и поради подобриот сооднос на моделите што ја сочинуваат носечката продажба. Тоа значи дека корејската марка во изминатото тромесечје продавала повеќе од своите поскапи и поголеми модели, во споредба со истиот период лани. Зголемениот профит доаѓа и од стабилизацијата на цените на суровините, како и од поволниот девизен курс.

На извозните пазари се продадени 643.962 возила, што претставува раст од 4 проценти во споредба со лани. На домашниот пазар, испорачани се 134.251 возила или за 1,1 процент повеќе отколку во третиот квартал во 2022 година.

Побарувачката за моделите на Киа расте најмногу во клучните региони, како што се Северна Америка и Европа

За напредокот во продажбата на домашниот пазар придонеле постојано високата побарувачка за Спортаж и за ванот Карнивал, како и за луксузниот СУВ-знаменосец Соренто.

Од почетокот на годината, Киа продаде повеќе возила од кога било во својата историја. Тоа се 2.354.229 милиони возила, што е за 8,4 проценти повеќе во споредба со првите девет месеци од минатата година.

Рекорд постигна и бруто прометот во висина од 75,48 трилиони вони, за 19,1 проценти повеќе од лани. Оперативната добивка за девет месеци е уште еден рекорд, со 9,14 трилиони вони или за 98,4 проценти повече од лани. Чистата добивка за деветте месеци изнесува 7,15 трилиони вони, зголемување за 112,2 проценти наспроти истиот период во 2022 година.

Висока побарувачка за хибридните и електричните модели на Киа

Во третиот квартал од 2023 година, Киа на светскиот пазар продаде 149.000 електрифицирани возила. Тоа вклучува хибриди, приклучни хибриди, целосно електрични модели. Тука е постигнат напредок од 21,2 проценти во споредба со соодветниот период лани. Пораснал и уделот на електрифицираните модели во вкупната продажба на марката, за 2,7 процентни бодови, што дава висок удел од 19,5 проценти.

Киа ЕВ6 во нашиот онлајн-каталог со сите нови модели на автомобили што се во понуда кај македонските увозници

Kia EV6 4WD GT-line

Токму електрифицираните модели се главен двигател на продажбата на Киа годинава. Во западноевропските држави, овие модели сочинуваат 36,9 проценти од продажбата. Во Кореја, уделот изнесува 33,4 проценти, додека во САД се 15,8 проценти.

Киа Ниро во нашиот онлајн-каталог со сите нови модели на автомобили што се во понуда кај македонските увозници

Kia Niro EV

Корејската корпорација применува соодветни стратегии за одделни региони, што секако дека води кон раст во глобалната продажба. Додека во САД и Европа во преостанатиот квартал ќе се става нагласок на СУВ-седумседот со погон на струја ЕВ9, важен новитет за пазарот во Индија е СУВ-моделот Сонет. Во Кина се очекува многу од Киа ЕВ5, нов целосно електричен СУВ-модел со големина на Спортаж, што во почетокот ќе се продава на пазарот во Кина, којашто е воедно и најголем пазар за електрични автомобили во светот.

Го следите нашиот видео канал на YouTube?

Претходна објаваХерц повеќе не е одушевен од нарачката на 100.000 автомобили од Тесла
Следна објаваФиат Хаус има работна зафатнина од 30.000 метри квадратни

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here