Херц повеќе не е одушевен од нарачката на 100.000 автомобили од Тесла

По две години откако Херц најави дека ќе купи 100.000 возила од Тесла, компанијата за изнајмување возила денес е повеќе претпазлива околу зголемувањето на својот возен парк од електрични автомобили.

Шефот на Херц, Стивен Шер, при објавувањето на билансот од работењето во третиот квартал, кажа дека компанијата за изнајмување автомобили во иднина ќе го збогатува својот возен парк со електрични возила побавно отколку што се планираше првично.

Проблемот е во тоа што Тесла во измнинатава година повеќепати ги поевтинуваше своите возила, а со тоа им ја смали и вредноста на сите претходно купени автомобили во возните паркови на големите компании. Друг проблем е тоа што поправката на оштетувањата кај елеткричните автомобили – барем според политиката на цени на Тесла – е двојно поскапа отколку кај моделите со мотор со внатрешно согорување.

Херц ќе се префрлува на возила од марките на Џенерал Моторс

Херц во изминатиот квартал располагал со вкупно 562.000 возила за измајмување ширум светот. Од нив, во САД се дури 442.000 возила. Електричните автомобили учествуваат со околу 11 проценти во возниот парк на компанијата. Кај електричните автомобили, пак, 80 проценти отпаѓаат на возила од Тесла, додека преостанатите се од други марки.

Концернот претходно си постави цел, до завршетокот на 2024 година, електричните возила да сочинуваат една четвртина од возниот парк. Херц ќе отстапи од планот и во иднина ќе купува поевтини електрични автомобили од останатите производители, вклучувајќи го Џенерал Моторс. Компанијата очекува дека со тоа и трошоците за поправки ќе бидат пониски.

Херц и покрај тоа останува на патот да стане предводник во електрификацијата на возниот парк, меѓу другото и поради тоа што само на тој начин може да се научи бизнисот со возила, кажа Шер. Компанијата во октомври 2021 година го привлече вниманието кога најави дека планира до завршетокот на 2022 година да нарача 100.000 возила од Тесла.

Најавата од Херц се совпаѓа со општиот тренд, дека електричните автомобили стануваат сé потешки за продажба. Пример е Германија, каде што по укинувањето на масивните субвенции за службени електрични возила во септември, драстично се смали продажбата.

Јапонскиот производител Тојота побавно се впушта во преодот кон електричните возила во споредба со конкуренцијата и честопати беше крикуван за тоа. Претседателот Акио Тојода на Јапан Мобилити Шоу кажа: „Луѓето конечно ја гледаат реалноста.“

Го следите нашиот видео канал на YouTube?

Претходна објаваФорд губи многу пари со електричните автомобили
Следна објаваКиа во третиот квартал продаде 150.000 хибридни и електрични автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here