
Форд во третиот квартал од годинава постигна добивка единствено благодарение на продажбата на возила со обичен погон, но и таа е помала од очекувањата. Извршниот директор Џим Фарли се надева на спас од новиот модел.
Автомобилскиот гигант од САД продолжува да губи пари со своите електрични автомобили. Во изминатиот квартал, специјализираниот огранок забележал оперативна загуба од 1,3 милијарда долари. Тоа е далеку над минусот од 717 милиони долари во минатата година.
Автомобилите со обичен погон со мотори со внатрешно согорување и товарните возила донесоа оперативна добивка во висина од по 1,7 милијарда долари за секој огранок.
Форд го зголеми прометот за единаесет проценти во споредба со истиот период лани, на 44 милијарди долари. Откако ќе се повлече црта, излегува добивка од 1,2 милијарда долари. Лани компанијата имаше загуба од 827 милиони долари во третиот квартал.
Аналитичарите имаа поголеми очекувања. Вредноста на акциите во послеберзанското тргување во четвртокот на моменти се спушташе за четири проценти. Форд ги намали прогнозите за тековната година, по штотуку постигнатата спогодба со работничкиот синдикат во земјата.
Форд прв од трите големи производители на автомобили во САД се спогоди со синдикатот на работниците во автомобилската индустрија во Северна Америка, шо нивниот шестнеделен штрајк.
Договорот предвидува зголемување на примањата за 25 проценти во времетраењето на тарифниот договор, но истиот допрво треба да биде потпишан од раководителите со синдикатот.
One week ago, 8,700 UAW members at Ford’s Kentucky Truck Plant walked off the job to join the Stand Up Strike. Hear their stories.
“It’ll be 30 years from now, I’ll probably tell my grandkids… We were the ones that made history in 2023.”#StandUpUAW pic.twitter.com/z7HMLbiVeg
— UAW (@UAW) October 18, 2023
Поради прекинот во работењето, Форд проценува дека продукцијата се скусила за околу 80.000 возила. Тоа значи дека оперативната добивка за целата година ќе се намали за 1,3 милијарда долари.
Производителот исто така наведува дека договорот со Синдикатот ќе ги поскапи возилата за 850 до 900 возила во просек.
Форд меѓу другото се подготвува за конкурентска борба со Тесла за исплатливиот бизнис со пикапи во САД. Фирмата на Илон Маск на 30-ти ноември ќе ги испорача првите примероци од својот електричен пикап Сајбертрак. Шефот на Форд, Џим Фарли, при соопштувањето на билансот од третиот квартал ја најави уште недовршената втора генерација на електричниот пикап како „едно од највозбудливите возила што ги имам видено во мојата кариера“. Пикапот на струја се очекува да стартува во 2025 година.
Форд во понудата на мошне популарниот пикап Ф-150 веќе има изведба со електричен погон, меѓутоа нејзината продажба се одвива релативно слабо. Во време на високи камати и економска неизвесност, голем број купувачи во САД се решаваат за поевтините модели со мотор со внатрешно согорување – има и неколку варијанти со хибриден погон. Форд се надева дека втората генерација елеткрични модели ќе биде поедноставна да се произведува и дека значително ќе се намалат трошоците.
















