Фиат Хаус има работна зафатнина од 30.000 метри квадратни

Фиат Хаус е најновиот потфат на италијанската марка, во градителската бранша којашто не би требало да има непосредна поврзаност со автомобилите, но токму во тоа е неговата посебност.

Зградата со повеќе од 300 станови ќе располага со возен парк од електрични возила Фиат 500e, што станарите ќе можат евтино да ги изнајмуваат и да ги паркираат во објектот што е целосно приспособен за посебниот начин на користење на возилата.

УНЛМТД, агенција за недвижнини, во соработка со Фиат, најавија отворање на Фиат Хаус во 2024 година. Станува збор за иновативен станбен објект со повеќе од 300 станови за изнајмување, со најразлични услуги за станарите и со многубројни простории за заедничко дружење.

Фиат Хаус се наоѓа во близина на мостот Џорџ Вашингтон во Форт Ли, Њу Џерси. Веднаш од спротивната страна на мостот е Менхетен. Со поврзаноста со осум главни автопати и со пристап до најразлични форми на јавен превоз, Фиат Хаус е на одлична локација.

Тоа што е задача на Фиат во овој потфат е возниот парк што е планиран за станарите. Тој ќе се состои од целосно електрични возила Фиат 500е, што станарите ќе можат да ги изнајмуваат по поволна цена и под други поволности, што засега не се откриваат подетално. Отворањето на Фиат Хаус воедно ќе се совпадне со почетокот на продажбата на електричниот Фиат во Северна Америка.

Објектот што е во завршна фаза од изградбата ќе нуди повеќе од 300 станови со современо осмислена архитектура, со една или две спални соби, од кои дел ќе се издаваат наместени.

Кога Фиат и УНЛМТД ќе почнат наскоро да го откриваат изгледот на становите, ќе се забележи испирацијата што доаѓа од дизајнот на Фиат 500. Исто ка

На гугл мапс се забележува дека објектот е во напредната фаза од изградбата

ко легендарниот автомобил, што во неговата тековна реинкарнација одамна и самиот е легенда, становите се дизајнирани да нудат ефикасно искористен простор и врвна изработка.

Обележјата на дизајнот на марката Фиат ќе бидат присутни насекаде низ зградата. Целта е да се понуди објект што ја претставува иднината на недвижините, почитува стил на живеење, ефикасност, дружење и мобилност.

Заинтересираните идни станари можат да се пријават на вебсајтот www.fiathouse.com.

 

Претходна објаваКиа во третиот квартал продаде 150.000 хибридни и електрични автомобили
Следна објаваГерманците бараат посебно полагање за дозвола за тешки СУВ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here