Жирито на Автомобил на годината во избор на дамите ги даде своите гласови за моделите во шесте категории на манифестацијата. Светските автомобилистки ги ценат автомобилите според безбедноста, возните својства, комфорот, технологијата, дизајнот, штедливоста, влијанието врз животната средина и противвредноста. Врз основа на тие критериуми, во категоријата на Светски автомобил на годината во избор на дамите, победи кросоверот Kia Niro.
Среќното тринаесетто издание на Светски автомобил на годината во избор на дамите ги даде победниците во шесте категории. Жирито што го привлекува вниманието на светската сцена, составено е од 63 автомобилски новинарки од 45 држави на пет континенти.
Меѓу претставничките од нашиот поширок регион се Тина Вујановиќ (Ауто Билд Србија), Урса Просенјак (Словенија, Автоманија), Кристина Мирто Статки (Грција, МоторОне.гр), Инес Брежњак (Хрватска, Нет.хр), Ајша Чизер (Турција, Ајшанинарабалари).
Дамите нагласуваат дека нивниот избор не е „женски автомобил“, туку автомобил што се избира според општи квалитети
До победата кај дамите секако дека не се доаѓа лесно. Автомобилите се ставаат на тешки тестови, се вршат стручни анализи и внимателно се споредуваат кандидатите. Сето тоа на крајот дава шест победници во соодветните категории што го сочинуваат изборот на дамите.
За броењето на гласовите, уште од самото основање на Women’s World Car of the Year, задолжена е консултантската куќа Grant Thornton. Тоа дава дополнителна веродостојност на изборот.
Носителот на главната титула, победник во сите категории во изборот, ќе биде соопштен на 8-ми март, точно на полноќ, според новозеландско време – тоа укажува на светскиот карактер на изборот, и секако дека во жирито членува и претставничка од Нов Зеланд.
Kia Niro е победник кај дамите во категоријата на градски автомобили
Дамите ги дадоа своите гласови за кросоверот Kia Niro оценувајќи ги просторноста, практичноста, безбедноста, едноставното возење. Главното што го одликува моделот на Kia, којшто налето ќе почне со продажба и во Киа Македонија, секако дека е разновидниот избор од погони: Полн хибриден погон, приклучен хибриден погон, батериски електричен погон.
View this post on Instagram
Kia Niro веќе вози во својата втора генерација
Првата генерација на Kia Niro беше воведена на пазарот во 2016 година, како прв модел на марката, што беше достапен со електрифициран погон. Во минатото лето стартуваше втората генерација, со значително сменет дизајн и унапреден концепт во секој поглед.
Niro е осмислен како најдостапен модел на Kia со електрифициран погон. Квалитетите на автомобилот во целост доведоа до тоа Niro да биде најпродаван батериски електричен модел на марката. Досегот на електричната варијанта Niro EV се движи до 460 километри. Верзијата со приклучен хибриден погон располага со досег на струја од 65 километри, а потоа се продолжува со хибриден погон.
Победници по категории
Најдобар градски модел. Kia Niro
Најдобар семеен СУВ. Jeep Avenger
Најдобар голем автомобил. Citroën C5 X
Најдобар голем СУВ. Nissan X-Trail
Најдобар автомобил со високи перформанси. Audi RS 3
Најдобар 4×4 и пикап. Ford Ranger
View this post on Instagram
















