
Холандската истражувачка организација ЕладНЛ провери како дејствува технологијата В2Г, којашто Киа засега ја вградува во неколку свои електрични модели, со план тоа да стане стандард ширум целата гама.
Кога Киа во 2021 година го најави почетокот на својот План С, компанијата кажа дека повеќе нема да биде Киа Моторс, односно само производител на автомобили, туку ќе се развива во компанија што ги нуди сите форми на мобилност и сите услуги поврзани со тоа. Планот почна да се остварува веќе одамна и трансформацијата е сосем очигледна.
Една од новите димензии што ги прикажува електромобилноста е технологијата В2Г, кусо од Веикл 2 Грид. Станува збор за технологија што овозможува енергијата што е насобрана во батеријата на електричните автомобили на Киа, да се насочи во спротивна насока, односно од возилото, кон домашната струјна мрежа.
Истото важи и за поврзување на возилото со дистрибутивната мрежа, со тоа што би се добило надомест за вратената енергија во мрежата. Вторава можност е голема надеж на дистрибутерите на електрична енергија, затоа што електричните автомобили можат да се најдат од голема корист за да испорачаат енергија назад во мрежата, кога таа е преоптоварена. Корисникот на електричното возило за тоа ќе добие надомест, односно трошоците за полнење на батеријата се скусуваат.
Во лабораторијата на холандски ЕладНЛ се најде престижниот СУВ-седумсед Киа ЕВ9, да ја докаже своите технолошнка надмоќ.
ЕладНЛ е научна и истражувачка организација што работи на тестирање и развој на интелгентно и одржливо полнење на електричните возила. Организацијата е основана по иницијатива на холандските дистрибутери на струја. Меѓу главните тежишта на работата на ЕладНЛ спаѓа и В2Л.
Киа ЕВ9 е прв електричен автомобил што мина вакво тестирање во ЕладНЛ. Од посебен интерес на организацијата беше да се тестира полнењето и празнењето со наизменична струја. Обичните улични полначи работат со променлива струја, додека брзите полначи кориустат еднонасочна струја.
Три примероци од Киа ЕВ9 беа подложени на тестирање. Посебно по тој повод пристигна и тим од Јужна Кореја.















