
Електричниот СУВ и знаменосец на Киа, ЕВ9, прогласен е за „Најдобар новитет на 2023 година“ од страна на американскиот магазин за наука Популар Сајенс. Редакцијата му оддаде признание на седумседот ЕВ9 за обемната примена на иновативни материјали во внатрешноста.
„ЕВ9 на Киа навистина е електрично возило што изгледа одушевувачки, меѓутоа внатрешноста е тоа што е уште поважно“, порачуваат уредниците на магазинот што денес објавива само онлајн. „Ова е првпат Киа да биде именувана меѓу ‘Најголеми пронајдоци’ во годишниот избор на Популар Сајенс.“
Стивен Центар, оперативен директор на Киа Америка, коментира, „ЕВ9 СУВ ја забрзува револуцијата на електричните автомобили, преку холистичка обврска за иновирање, вклучувајќи ги нашите ’10 нешта што мора да се имаат’ и што воспоставуваат нова парадигма во поглед на боите, материјалите и изработката.
Сите овие вредности добиваат вистинска смисла покрај релативно достапната цена на Киа ЕВ9 од 55.000 долари, имајќи ги предвид класата и спецификацијата на СУВ-седумседот.
Како модел од новата генерација електрични автомобили на Киа и продолжение низата што започна со ЕВ6 и Ниро, ЕВ9 го следи пристапот на „обединети спротивности“ во дизајнот на возилото. Намерата на дизајнерите е преку поврзување на две спротивности, едната земена од природата, а другата од светот на врвната технологија, да се воспостави креативна напнатост, што на крајот делува хармонично. За сето тоа да се разбере е потребна добра фантазија, меѓутоа факт е дека возилата на Киа изгледаат свежо и различно.
The 50 greatest innovations of 2023 https://t.co/r7rEEZjGGY
— Popular Science (@PopSci) December 2, 2023
„Почнувајчќи од 1988 година, Популар Сајенс гордо ги прославува револуционерните иновации што го менуваат светот. Наградите за ‘Најдобар новитет на годината’ ги прикажуваат радикалните идеи што ги подобруват нашиот живот во секојдневието и нашата иднина,“ порачува Ени Колберт, главна уредничка на Популар Сајенс.















