По најголемото одликување за еден автомобил во европски рамки, освојувањето на титулата на Автомобил на 2023 година во Европа, Џип Авенџер се докажа како најдобар автомобилски новитет и во изборот на швајцарските експерти.
Првпат во историјата на американската марка, Џип стана автомобил на годината во Швајцарија. Ова историско поглавје за Џип е заслуга на новиот Авенџер. Во изборот во алпската земја учествуваше целосно електричната изведба. На повеќето пазари, вклучувајќи го македонскиот пазар, Авенџер се нуди и во изведба со бензински мотор.
Титулата на Швајцарски Автомобил на 2024 година му припадна на Џип Авенџер, по гласањето на 13-членото стручно жири и освојувањето 15 проценти од гласовите.
Изборот на швајцарските автомобилсти се одвива во два чекори. Во првиот чекор, жирито имаше задача да ги издвои 10-те финалисти од вкупно 39 нови модели што ги исполнуваа условите за влегување во изборот за 2024 година.
Тестирањето на 10-те финалисти се одржа на патеката за безбедно возење на Туринг Клуб Швајцарија во Хинвил, во кантонот Цирих. Покрај поранешниот пилот во Формула 1, Марк Зурер, во состав на жирито влегуваат и експерти од автомобилските здруженија и клубови во земјата, како и новинари од највлијателните медиуми.
За Авенџер да се избори за предимство во изборот, се погрижија неговите компактни димензии, просторната кабина, како и електричниот погон со 156 КС и современите системи за асистенција. На крајот, на новиот Џип му припаднаа 15,4 проценти од гласовите.
Прогласувањето на победата на Џип се случи на свеченост со околу 150 поканети гости.
Швајцарски автомобил на 2024 година · Стручен избор
- Џип Авенџер
- БМВ и5
- Фолксваген ИД.7
Швајцарски автомобил на 2024 година · Читателски избор
- Шкода Кодиак
- Пежо е-308
- Фолксваген ИД.7
















