Чисто електричната EV6 го одушеви жирито на Top Gear со стилот, перформансите, долгиот досег и со ултрабрзото полнење на батеријата со 800-волтна технологија, којашто постигнува 80% наполнетост за само 18 минути.
Том Форд, уредникот на прочуениот британски Top Gear, коментира за наградата: „Со EV6, Kia постигна вистински погодок; целосно електричен, возбудлив стил, рекордно полнење во класата, изобилство од функции. Таа вистински го погодува концептот на подвижен салон, EV6 докажува дека електричните автомобили всушност се мошне интересни за возење.“
Британскиот експерт понатаму ги наведува како предности, просторната кабина, богатата опременост и солидната изработка. Секако дека електричниот погон внесува нови квалитети и во возењето, во поглед на тивкото, мазно и смирено возење. Но, Kia EV6 за миг се претвора во динамичен автомобил со високи перформанси.
Прославата за доделувањето на наградите од Top Gear може да се погледне на јутјуб. Kia EV6 исто така е дел од содржините на најновото издание на магазинот BBC Top Gear Magazine, што е посветено на изборот на најдобрите автомобили во светот.
EV6 е првиот модел на Kia што е развиен само во електрична изведба, конструиран врз новата и напредна платформа E-GMP (Electric-Global Modular Platform). Кросоверот се нуди во изведби со батерија од 77,4 kWh и од 58 kWh. Посебна гордост е спортската изведба GT со електромотор на секоја оска и со перформанси на суперспортски автомобил.
https://youtu.be/yCgI-ghYF94
















