Киа ја пушта електричната ЕВ2 во Европа по цена од 26.600 евра

Со својот најдостапен електричен автомобил ЕВ2, Киа се впушта во трка против Рено и идните малечки автомобили од концернот Фолксваген.

Киа очекува електричната ЕВ2 да ѝ ја поттикне продажбата во еден од најбрзо растечките сегменти на европскиот пазар.

Киа го понуди својот малечок електричен СУВ-модел ЕВ2 на германскиот пазар по цена од 26.600 евра и се надева на висока продажба, во време кога се вжештува конкуренцијата во еден од сегментите на европскиот автомобилски пазар што бележи најголем раст.

Основната моделска изведба на Киа ЕВ2 по цена од 26.600 евра во Германија, користи батерија од 42,2 киловатчасови и постигнува досег до 317 километри на час.

Изведба со досег продолжен на 453 километри и батерија од 61 кВч, со цена од 33.490 евра, ќе пристигне во понудата доцна налето.

„Досегот останува најважен фактор кога се решава околу изборот на автомобил во овој сегмент“, кажа Франчесто Конти, продукт менаџер за ЕВ2 при претставувањето на моделот во Лисабон.

Изведбата со продолжен досег извозе 310 километри во зимски услови при тестирањето во Норвешка, на температури 20 степени под нула, кажа Конти.

ЕВ2 може да се нарача и во изведба со задна клупа што лизга надолжно и овозможува багажникот да се зголеми на 403 литри.

ЕВ2 со доплата нуди можност за полнење под 22 кВ на обичен полчнач, како и полнење под 118 киловати на брз полнач со еднонасочна струја.

Богато ниво на опременост

Во стандардната опременост спаѓаат напредни системи за асистенција, како систем за спречување челен судир, предупредување за возило во мртов агол и систем за следење лента.

Арматурната табла располага со три екрани, вклучувајќи инструменти од 12,3 инчи, поле за клима големо 5,3 инчи и средишен дисплеј од 12,3 инчи, коишпто користат поедноставена изведба на оперативниот систем што се вградува во поглемите модели ЕВ3 и ЕВ4.

Со доплата за лизгачка задна клупа, големината на багажникот може да се зголеми на 403 литри.

Арматурната табла располага со три екрани, вклучувајќи инструменти од 12,3 инчи, поле за клима големо 5,3 инчи и средишен дисплеј од 12,3 инчи.

ЕВ2 има клучна улога во стретијата за раст на Киа во Европа.

Извршниот директор на Киа Европа, Суханг Чанг, на настанот во Лисабон го опиша моделот како пресвртница за марката во регионот.

Претседателот и извршен директор на Киа, Хо Сунг Сонг, претходно изјави дека Киа планира во 2027 година да достигне производство од 100.000 примероци од ЕВ2 во фабриката во Жилина, Словачка.

ЕВ2 ќе се произведува во Жилина, покрај електричната компактна комбилимузина ЕВ4 и бестселерот на марката, СУВ-моделот Спортаж.

Киа Стоник · Тест · Траен како камен

Главни соперници се Рено 4 и Фолксваген ИД Крос

ЕВ2 влетгува во сегментот на малечките електрични СУВ модели, во којшто постојано се вжештува конкуренцијата, со Рено 4, Џип Авенџер и идните модели од групацијата Фолксваген, како ИД Крос и Шкода Епик.

Рено 4 во Германија стартува од 29.500 евра со батерија од 40 кВч, додека за ИД Крос се очекува цена од околу 28.000 евра, кога моделот наесен ќе биде пуштен во продажба, со батерија од 37 кВч.

Киа ЕВ2 почнува од 26.600 евра

Џип Авенџер со батерија од 51 кВч, во Германија чини 38.400 евра.

Од останатите модели на концернот Стелантис, Ситроен е-Ц3, којшто ја користи подостапната платформа Смарт Кар, почнува малку над 20.000 евра во сновната изведба, додека во споредливата изведба со батерија од 44 кВч, чини 23.450 евра.

Би Уај Ди нуди два ривали во Европа

Кинеските марки продолжуваат со ценовниот притисок врз европските производители, и покрај царините што ЕУ ги воведе за увоз на електрични возила кон завршетокот на 2024 година.

Би Уај Ди Ато 2, еден од поголемите модели во сегментот, долг 4,31 метри, во Германија почнува од 41.990 евра. Поблизок ривал е Би Уај Ди Долфгин Сурф, со батерија од 43,2 кВч и цена за основен модел од 26.90900 евра во Германија, не вклучувајќи го попустот од 4.000 евра што се нуди од неодамна.

Претходна објаваКина ќе ги престигне европските производители, доколку забават со електричните автомобили
Следна објаваСитроен Ц5 Еркрос стана службен автомобил на Џиро д’Италија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here