за

Ги имате видено светлата на Kia во последно време?

Kia го води најдинамичниот дизајн на автомобили во браншата. Дизајнот во оваа марка се менува најдинамично.

На автомобилската сцена се случува одвреме навреме на луѓето да им здодеат некои марки. До тоа доаѓа затоа што марките стануваат предвидливи. Новите модели не носат ништо ново во изгледот. Постојат исклучоци. Луѓето со нетрпение чекаат да видат нова Kia, да видат што таа ќе донесе ново.

Зарем не изгледаат спектакуларно, денешниве автомобили? Целата сцена одеднаш се отвори за ново, за нешто различно, невидено. Секако дека многу работи на сцената се раздвижија откако вистински се крена бранот на електромобилноста. Освен за погонот на струја, на сцената се зборува масовно и за дигитализација, за автопилотирано возење, за конективност, за онлајн услуги, на сите им е важно денешните автомобили да бидат фер кон животната средина. Се смени и дизајнот. Многу.

Карим Хабиб, главниот дизајнер на Kia, објаснува што е тоа што го гледаме во најновиот електричен автомобили на корејската светска марка, во кросоверот EV6: „Да се дизајнира надворешност на автомобил е исто како дизајнирање насловна страница на книга – од неа сите го стекнуваат својот прв впечаток. Целта ни беше во надворешниот дизајн да внесеме цврст карактер, што го прикажува напредувањето на моќите на марката. Резултатот е робустна комбинација од чисти и едноставни линии со впечатливи површини.“

Kia EV6 е само еден од моделите што оставија силен впечаток на сцената со своето појавување. Бројни нови генерации модели се појавија во овие неколку години на делумен или целосен локдаун, но голем дел од нив остана незабележан. Со новите модели на Kia е сосем различно. Кој уште не знае дека корејската марка има нов Sorento, нов Sportage, моделско освежување на Ceed, Stonic и Rio? Фановите ќе се присетат лесно и на „американските“ Telluride, K5, Carnival MPV, Seltos. Или, Stinger! Пред неколку денови се случи и светска премиера на новиот Niro.

Тоа што на Kia уште ѝ успева совршено, тоа е свежината со којашто нејзините нови модели се појавуваат на сцената. Љубителите на автомобилизмот уште однапред знаат веројатно за половината од клучните марки на сцената, како ќе изгледа нивниот следен модел. Луѓе потоа рутински ќе ја погледнат сликата од новиот модел во вестите на своите профили на друштвените мрежи, без да се заинтересираат да кликнат и да ја видат сликата поголема. Наспроти тоа, луѓето сакаат да ги видат новите модели на Kia подобро. Вредат тие неколку екстра секунди потрошено време.

Светлата на K5, Carnival MPV и сега на новиот Niro се изведени во форма на срцево отчукување на ЕКГ, во смисла на тоа дека дизајнот на Kia поттикнува силни емоции

Сето тоа не се случува без најава. Kia денес е комплетно препородена компанија. Повеќе нема „Motors“ во Kia, затоа што Корејците сакаат да укажат дека прераснуваат од производител на автомобили, во компанија што на светот му нуди најразлични услуги за мобилност, вклучувајќи прво и главно автомобили. Нов е слоганот „Movement that Inspires“ или движење што инспирира. Ново е логото, поедноставено, поблиско до потрошувачите. Нов е дизајнот.

Приказната за дизајнот на Kia се раководи околу начелото на „Оpposites United“, спротивностите се привлекуваат. Притоа се мисли на воспоставување рамнотежа меѓу технологијата што ја создава човекот и природата, од бројни аспекти. Дизајнерската филозофија се темели врз пет правила: Joy for Reason, Bold for Nature, Tesion for Serenity, Technology for Life, Power to Progress. Тоа може да биде идна тема, засега подготвивме една видео галерија што ги прикажува светлата на повеќе модели на Kia.

Бидејќи за дизајнот не се раскажува, туку тој може само да се доживее, во видеото следи тоа што го ветивме во насловот. Светлата на моделите на Kia.

Тест · Kia Sorento 2.2 CRDi Premium

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Автомобилот француски, фабриката германска: DS 4 од Риселсхајм

GAZ победи во руското првенство во теренско рели