за

Автомобилот француски, фабриката германска: DS 4 од Риселсхајм

Во фабриката на Opel во Риселсхајм започна производството на новата генерација DS 4. Двете марки се дел од концернот Stellantis.

Автомобилот со најславната моделска ознака во историјата на францускиот автомобилизам, отсега ќе носи печат Made in Germany. Според Французите, DS 4 е спој меѓу напредна технологија и господскиот savoir-faire на парискиот луксуз.

Новиот DS 4 е „Designed in Paris & Made in Germany“. Моделот од премиум сегментот во компакт класата почна да се произведува во фабриката во Риселсхајм и наскоро ќе пристигне кај првите клиенти. DS 4 користи усовршена изведба од електрифицираната платформа EMP2 и веднаш е достапен во изведба со приклучен хибриден погон.

Речиси една година траеше подготовката за вклучување на новиот модел на француската луксузна марка во Риселсхајм. Благодарение на посебната организација, како и на приспособливоста на платформата EMP2, на иста лента се произведуваат примероци од DS 4 со бензински, со дизел и со приклучен хибриден погон.

New item by Automedia MK / Google Photos

Четвртиот самостоен модел ја заокружува понудата на париската марка DS Automobiles по DS 7 Crossback, DS 3 Crossback и DS 9. На купувачите им се нудат три изведби, DS 4, DS 4 Cross и DS 4 Performance Line. Новиот модел е наменет и за љубителите на класичните компактни автомобили, но и за фановите на атрактивните СУВ-купеа. Покрај стил, DS 4 нуди технички иновации, висок комфор и моќни мотори со ниска потрошувачка.

Платформата EMP2 ја користат и новите генерации на Peugeot 308 и Opel Astra

Во развојот на DS 4 е посветено големо внимание на аеродинамичноста, исто како и во лесната конструкција. Со користење делови од композитни материјали, со структурни каросериски елементи што се пресувани топло и смалување на димензиите на компонентите, како што е клима-уредот, не само што осетно е намалена тежината, туку и постигнато е оптимално искористување на просторот.

New item by Automedia MK / Google Photos

Посебно голем интерес се очекува за изведбата со приклучен хибриден погон, со комбинација од 1,6-литарски турбо-бензинец со 180 КС, со електромотот со 110 КС и 8-степен автоматски менувач. Системската моќност изнесува 225 КС, исто колку во Peugeot 3008 Hybrid и во Opel Astra Hybrid. Батеријата од 12,4 kW овозможува со полна батерија да се извозат до 55 километри, пред да се активира хибридниот погон.

Во 2024 година следи и чисто електрична изведба.

>>> Претседателот Макрон заслужи специјален DS

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Како Ford Model T ги уби електричните автомобили

Ги имате видено светлата на Kia во последно време?