Со двојна победа во класата Raid Sport и со второ најдобро време во класата T1, тимот GAZ Raid Sport имаше најдобар резултат во вкупен пласман и го понесе насловот на првак на Русија во рели со теренски возила за 2021 година.
Тимот GAZ Raid Sport победи на 5-та трка во руското првенство во рели реид. Трката под име „Тихиот Дон“ се возеше од 18-ти до 21-ви ноември во Ростов на Дон, во регионот на Северен Кафказ. Возачот Александер Русанов и совозачот Алексеј Малцев во GAZelle NEXT извозеа најдобро време, додека тимот од Алексеј Игнатов и Евгени Павлов се пласираа втори во класата Raid Sport. Екипажот од Евгениј Суховенко и Кирил Чапаев беа втори во класата Т1.
Итинерерот долг 480 километри во Ростов на Дон е прочуен по разновидноста на подлогите по коишто се вози. Тимовите таму се соочуваат и со песочни дини и со тесни и кривулести патеки низ густи шуми, a често се преминува и преку река. Врвната концентрација на возачите и совозачите има клучно влијание за постинувањето добар резултат на оваа предизвикувачка рута. Исто се бара и висока управливост на возилата, како и флексибилност во можностите за дотерување на подвозјето според различните видови пат.
Тимовите со GAZelle NEXT победија на сите 5 трки во класата Raid Sport. Алексеј Игнатов и Евгени Павлов се шампиони на Русија во класата Raid Sport за 2021 година. Александер Русанов и Алексеј Малцев се вицешампиони. Во класата Т4 за камиони, победници се Алексеј Клебов и Александер Фулјакин со GAZ Sadko Next, додека тимот од Микаил Шклјаев и Владимир Моицеев освои бронза. GAZ Raid Sport се втори во генерален пласман во оваа класа.
GAZ, Горковски Автомобиљни Завод, со новата генерација на GAZelle NN почна да освојува нови пазари, развивајќи го доставното возило да им конкурира на Ford Transit & Co на поширокиот европски пазар. Македонскиот увозник АБЦ Бротхер веќе ја има во понуда новата GAZelle NN, којашто во мај стартуваше со производство во Нижниј Новгород. Шампионските титули во руското рели се најдобар доказ за издржливоста на конструкцијата и на погонската техника. Во победничките возила во рели-реид работат сериски мотори YMZ-534 и Cummins 2.8. Голема новина кај GAZelle NN е дволитарскиот TDI од Volkswagen, со издув според норма Еуро 6.
>>> Toj e рускиот Unimog: Теренски камион GAZ Sadko Next

















