за

Жорди Хене ја тестираше ексклузивната Cupra по асфалт и по земја

Cupra Formentor VZ5, модел што ќе се изработи во само 700 примероци, се најде на тест кај Жорди Хене, познат возач од WTCC и 24 часа Леман.

Може ли еден автомобил да биде комфорен за патување, да забрзува за 4,2 секунди до темпо сто на тркачка патека и да совладува нагорнина од 70 проценти? За да докаже дека има точно таков автомобил, Cupra го покани тркачот Жорди Хене да ја испроба нивната Cupra Formentor VZ5.

Со шефот за развој на возила Кристоф Фирлинг, сместен во совозачкото седиште, Жорди Хене се впушти во проверка на способностите на најсилниот модел на спортската марка Cupra, што се издвои покрај матичниот Seat. Само 700 примероци ќе се изработат од Cupra Formentor VZ5, со ознака што е изведена од шпанскиот збор за брзина, Veloz, и од бројот на цилиндри во моторот.

Шпанците понудија пет различни тестови за својот суперавтомобил, по една за секоја програма што може да се избере во кросоверот.

Програма за чист адреналин

Сé е подготвено за почеток на трката на патеката Моторленд во Шпанија. Кристоф му дава неколку совети на Жорди: „Треба да го користиш launch control ако сакаш да стартуваш навистина брзо. Стартувај го моторот, избери ја програмата Cupra и намести го ESC на спорт, притисни врз сопирачката, а потоа врз педалата за гас. Почекај до 4.000 вртежи и потоа отпушти ја сопирачката!“ Спринтот трае 4,2 секунди. Хене коментира: „Одушевувачко забрзување! Спектакуларен старт, исто како да сме на трка“.

Префрлување од комфорна во Cupra-програма

Секоја програма поседува различен карактер. „Се чувствува мазното возење во комфорната програма, којашто повеќе одговара за автопат. Благодарение на динамичната контрола на подвозјето (DCC), се чувствува добра контрола додека се врти воланот“, кажува Жорди. Во спортската програма е нормално дека уште повеќе се нагласува спортскиот карактер. Кристоф додава: „Сега уште подобро се чувствува реакцијата на педалата за гас и контролата на амортизацијата“. Тоа е уште поизразено во програмата Cupra. Хене е возач на Cupra во светското првенство со туристички возила и најдобро е запознаен со тоа што го застапува марката.

Технологија што овозможува целосна слобода на возење

Префрлувањето од една во друга програма се врши преку средишниот дисплеј. Секоја програма има различно дотерување на реакцијата на педалата за гас, менувачот, чувството на волан и крутоста на подвозјето. Сите овие големини може да се менуваат и по желба. Во индивидуалната програма може да се избере меѓустепен за кои било програми. „На тој начин, возачот може програмите да ги намести по желба, на пример, да постави средна програма меѓу Sport и Cupra, да намести за максимално уживање на различни видови патишта и да избере што сака да доживее во кое било време“, објаснува првиот човек во Техничкиот центар на Seat.

Контролата е целосно во рацете на возачот

Најспортска програма е „Дрифт“. Тоа е ексклузивна програма за Cupra Formentor VZ5 и се препорачува да се користи само на тркачка патека. Возачот мора преку менито да потврди дека се наоѓа на тркачка патека. Програмата за стабилност се исклучува целосно. За Жорди Хене, тоа е слично на сетапот што тој го има во својот тркачки автомобил во WTCC. Тркачот коментира: „Ова е мој терен. Кога се користи на патека, можеш точно да предвидиш колку долго ќе ‘дрифта’ во свијокот. Исто има и две спојки на задната оска што можам да ги користам посебно – ова е одушевувачко!“

Максимална моќност и при возење по терен

Возачот и инженерот ја напуштаат тркачката патека Моторленд и се упатуваат да ја тестираат моќта на погонот на сите тркала при возење по терен. Хене е одушевен: „При спуштање не мораш да правиш ништо, дури ни да сопираш“. Спортскиот кросовер, на терен може да совладува нагорнина до 70 проценти и може да вози на три тркала, без да изгуби тракција. Страничното навалување може да изнесува до 36 степени.

Основните податоци за Cupra Formentor VZ5

5-цилиндарски мотор од 2,5 литри

390 КС

250 km/h (ограничено)

20-инчни трлкала

375 mm сопирачки AKEBONO

7.000 примероци

>>> Пет цилиндри и 390 КС за најсилната Cupra Formentor

Cupra Formentor VZ5

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

GAZ победи во руското првенство во теренско рели

Xiaomi ќе гради фабрика за електрични автомобили во Пекинг