Каде што има EV6 и ЕV9, има уште многу место за нови „бројки“ во понудата од целосно електрични модели на Kia. Концептот EV5 презема бројни решенија од новиот и штотуку претставен знаменосец ЕV9, но пак внесува мноштво новини.
Корпорацијата Kia го темпираше првото покажување на Concept EV5 пред светот точно на кинескиот ден на електричните автомобили на Kia. Прикажувањето на моделот се одржа на настан на којшто беше претставена стратегијата со којашто Kia ќе се развива во водечка светска сила во електрификациајта.
Исто како целата серија нови модели на Kia, почнувајќи од Sportage и Niro, до EV6 и EV9, концептниот EV5 се раководи според начелото на „спротивностите се обединуваат“. Целосно електричниот СУВ-модел од сериско производство ќе биде лансиран прво во Кина, кон завршетокот на годината. Со новите детали во изгледот, EV5 ја пополнува сликата за тоа како ќе изгледа целата обновена гама на Kia за неколку години.
Ново поглавје на дизајнот на електричните автомобили на Kia за „живот без граници“
Начелото на „спротивностите се обединуваат“ во основа претставува спој на форми што ги создава природата и форми што ги создава човекот. Тоа начело што Kia го почитува како формула за развојот на нови модели, се потпира врз четири столбови. Еден од тие столбови е „Bold for Nature“. Тој столб е применет во Concept EV5 на тој начин што е создаден СУВ којшто е во природна средина и во дивината и во градот.
Дизајнерот Карим Хабиб, еден од најценетите во својот занает, вели дека Concept EV5 се разликува буквално во секој агол. Но, кога возилото се гледа како целина, нема двојба дека тоа е модел што доаѓа од Kia.
Бојата во којашто е лакиран EV5 исто така е пример од природата. Тоа е тон што дизајнерите го нарекуваат зелена мат боја како на санта мраз.
Внатрешноста е изведена за патниците да бидат во колку е можно подиректен контакт со природата. Подот е рамен од едниот до другиот крај на кабината и осмислен е како простор за дружење – со тоа што дружењето не се однесува само на луѓето, туку се мисли и на дружење меѓу луѓето, природата и технологијата.
Избрани се бои што оддаваат смиреност и чистота. За арматурната табла се користени контрастни материјали, а на неа секако дека тронува широк заоблен екран.
Седиштата користат иновативно решение за навалување, со намера патниците да можат да уживаат гледајќи низ прозорците и панорамскиот покрив, додека се полни батеријата на возилото.
Сериската изведдба на EV5 ќе ја доживее својата светска премиера во текот на годинава, прво во Кина, а потоа и на останатите големи пазари за електричните возила ширум светот.