за

Kia Carnival е најдобро семејно возило според шпанскиот печат во САД

Kia Carnival MPV е именувана за „Семејно возило на годината“ во изборот на најдобрите 10 возила за шпанските купувачи на автомобили за 2022 година, од страна на медиумите во САД што објавуваат на шпански јазик.

Дванаесеттото издание на изборот ги одликуваше најдобрите возила за шпанските купувачи, врз основа на оцените на жирито за стилот, чувството во возење, технологијата, безбедноста, влијанието врз животната средина, издржливоста на механиката и противвредноста.

Стивен Сентер, оперативен директор на американскиот огранок на Kia, изјави дека „признанието за најдобро возило за шпанските семејства, од страна на автомобилските медиуми што објавуваат на шпански јазик, потврдува дека Kia Carnival MPV им нуди на сопствениците максимална приспособливост, комфор и функционалност“. Големиот семеен ван постигна огромен успех и во минатата година имаше учество од 9,3% во својот сегмент. САД се пазар на кој уште се бараат големите ванови, за разлика од Европа, каде што овој вид возила веќе одамна е исчезнат од понудата на производителите.

Жирито за изборот на најдобрите автомобили според медиумите на шпански јазик го сочинуваат новинари, автори и инфлуенсери во автомобилската бранша, коишто ги избира советот на организацијата. Повеќе од 20 членови во жирито оценуваа преку 100 нови модели во изминатите 12 месеци.

Kia Carnival MVP нуди исклучителна противвредност, не само за шпанските домаќинства, туку и општо за сите домаќинства, без да прави компромиси во стилот, практичноста, комфорот и технологијата, што денес фамилиите го бараат во едно семејно возило“, изјави Рикардо Родригез-Лонг, основач и претседател на Hispanic Motor Press. Тој додава дека пакетот го комплетираат простосната и комфорна кабина, тивното возење и напредните системи за асистенција на возачот, вклучувајќи самостојно запирање при опасност од судир.

Ванот долг 5,15 метри, со мотор 3.5 V6 со 290 КС и изобилство опрема, на пазарот во САД стартува од 32.300 долари, односно околу 31.000 евра. Моделот не се нуди официјално во Европа.

Сите победници по категории во изборот на Hispanic Motor Press за 2022 година:

  • Family Vehicle of the Year: Kia Carnival 
  • Electric Vehicle (EV) of the Year: Hyundai IONIQ 5
  • Compact Vehicle of the Year: Honda Civic
  • Midsize Vehicle of the Year: Buick Envision
  • Luxury Vehicle of the Year: Genesis GV70
  • Crossover Utility Vehicle (CUV) of the Year: Mitsubishi Outlander
  • Sports Utility Vehicle (SUV) of the Year: Jeep Grand Wagoneer 
  • Pick-Up Truck of the Year: Ford Maverick
  • Adventure Vehicle of the Year: Ford Bronco
  • Best Technology Vehicle of the Year: GMC Hummer

Kia ги враќа вановите на сцена со новиот Carnival

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Toyota расте во сите правци, во продажбата, прометот, добивката

Виетнамскиот автомобил стартува со продажба летово, цена од 43.500 евра