за

Toyota расте во сите правци, во продажбата, прометот, добивката

Toyota ги објави резултатите за деловната 2022 година. Јапонскиот примус, меѓу април лани и април годинава, продал за 4,7 проценти повеќе возила. Натамошниот раст ќе доаѓа од електричните модели.

Корпорацијата Toyota во изминатата деловна година (во Јапонија од 1-ви април до 31-ви март) се спротивстави на последиците од корона и на кусокот од полупроводници, постигнувајќи напредок во најсуштинските деловни полиња.

Toyota во деловната 2022 година продаде 10,38 милиони возила или за 4,7 проценти повеќе во споредба со претходната година. Расте интересот за моделите со електрифицирана погонска спрега. Нивната продажба е зголемена за 25,4 проценти, на повеќе од 2,7 милиони возила со хибриден, приклучен хибриден, батериски електричен и водороден електричен погон. Уделот на возилата со сите овие видови погон, што Toyota ги пушти во серија уште со Prius пред повеќе од дваесет години, изнесува 28,4 проценти. Тоа значи дека повеќе од едно од секои четири продадени возила со знакот на Toyota, имаат електромотор во погонот.

Прометот и добивката се зголемени, и покрај поскапувањето на материјалите и дополнителните вложувања во нови деловни подрачја. Прометот од април 2021 до крајот на март 2022 е зголемен за 15,3% и изнесува вкупно 239,54 милијарди евра. Оперативната добивка се искачила за 36,3% на 22,87 милијарди евра, односно приходот без даноци пораснал за 36,1% на 30,46 милијарди евра. Нето добивката изнесува 21,76 милијарди евра, што исто така е зголемена за 26,9 проценти.

На европскиот пазар во периодот се продадени 1,02 милион возила. Тоа е за шест проценти повеќе во споредба со претходната деловна година. Европскиот пазар постигна најголем раст меѓу сите главни пазари на Toyota. Северна Америка и натаму е најголем продажен регион, со 2,39 милиони возила, а потоа следи Јапонија, каде што се продадени 1,92 милион возила од марките на Toyota. Без Јапонија, во Азија се продадени 1,54 милион возила (главно Кина), додека во останатите региони, Средна и Јужна Америка, Австралија и Океанија, Африка и Блискиот Исток, продадени се 1,35 милион возила.

Големиот новитет на Toyota што се очекува на македонскиот пазар летово е електричнaта bZ4X

Поради неизвесноста околу глобалните случувања, Toyota очекува во новата деловна година, што завршува на 31-ви март 2023 година, да постигне за сопствените стандарди мал раст од 3,1 процент и вкупно 10,7 милион возила на светскиот пазар. За Европа се предвидуваат 1,1 милион возила, или раст од 8,2 проценти. Toyota очекува дека европскиот раст ќе се темели врз новите елетктрични модели.

Летово во Тојота Авто Центар се очекува 100% електричниот bZ4X, во класата на RAV4, а секако дека голема новина ќе биде и СУВ-изведбата Corolla Cross, меѓу Yaris Cross и RAV4. Неодамна стартуваа и испораките на градскиот-кросовер Aygo Cross. Моделот прави пионерски чекори во бројни подрачја, па и во онлајн-нарачките. Пред Aygo Cross да се појави во салон, девет возачки и возачи ги искористиле понудените придобивки и направиле онлајн нарачка.

Toyota Aygo X: Големо колку е мало

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Шефот на Opel унапреден во оперативен шеф на концернот Stellantis за Европа

Kia Carnival е најдобро семејно возило според шпанскиот печат во САД