за

Kia дваесет години е дел од тениското првенство на Австралија

Kia одбележува јубилеј како спонзор на отвореното тениско првенство на Австралија, новото лого е присутно насекаде, ангажирани се повеќе од 130 возила.

Kia Australian Open отворено тениско првенство на Австралија 2021

Возниот парк за играчите, судиите и важните личности на ‘Australian Open’ и годинава го сочинуваат автомобили на Kia. Во јубилејната година на својата поддршка на светскиот спортски настан, Kia испорача 130 возила. Голем нагласок се става на покажувањето на новото лого и на новиот слоган на авто-производителот.

Корпорацијата Kia одбележува дваесетгодишнина од соработката со отвореното тениско првенство на Австралија. Како ексклузивен партнер, Kia на настанот ‘Down Under’ во Мелбурн Парк во Викторија ги предаде возилата за користење во рамките на грен-слемот, а воедно го искористи големиот настан и за прикажување на своето ново лого. На настанот присуствуваа австралиската тениска сензација Ник Кириос и австрлискиот тенисер во инвалидска количка Дилан Алкот.

Возниот парк на Kia се состои од новиот миниван Carnival, од престижниот СУВ-модел Sorento и од изведбата на кросоверот Niro со хибриден погон. Возилата ќе се користат за превоз на тенисерите, судиите и важните личности, „комфорно и безбедно“ како што додава производителот.

Како спонзор на отвореното тениско првенство на Австралија во последните 20 години, Kia инспирираше милиони фанови на престижниот грен-слем настан со растечка популарност и големо значење во светот на тенисот
Артур Мартинс, бренд менаџер за светскиот пазар на Kia Corporation

Поради пандемијата ќе се преземат крупни промени во начинот на водење на настанот, вклучувајќи строго социјално дистанцирање и ограничен број на гледачи на секој настан во рамките на турнирот.

Виртуелно прикажување на новото лого на Kia врз тенискиот терен и врз мрежата

Новото лого и новиот слоган “Movement that inspires” имаа впечатливо присуство на свеченоста и ќе се прикажуваат во најразлични форми на дигиталните канали и на друштвените мрежи како фејсбук, инстаграм, твитер и вајбо. Голема новина ќе биде виртуелното прикажување на логото на Kia врз тенискиот терен или врз мрежата.

Уште еден дел од настанот е можноста виртуелно да се игра тенис со светскиот амбасадот на марката Рафаел Надал, во рамките на “Make Your Move”. Гледачите ќе го забележат и “Kia-Morphia,” дигитален ЛЕД-дисплеј долг 12 и висок 2,6 метри, на кого што ќе се прикажува логото на Kia, како и возилата од еко-гамата.

Маските што ќе им бидат дистрибуирани на гледачите ќе носат лого на Kia и на фондацијата Рафаел Надал.

>>> Рафаел Надал и виртуелно во функција на амбасадор на Kia

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Dacia Sandero Stepway стартува со продажба во Македонија

Mercedes отсега може да се купи од домашната фотелја