Дигитализацијата во сите подрачја во Mercedes веќе е реалност. Во салоните на премиум марката и од секое место на коешто во моментот се наоѓа клиентот, нов Mercedes може да се купи комплетно дигитално, а тоа дигитално до самиот потпис.
Трет револуционерен чекор во продажбата на Mercedes: По онлајн-продавницата и по услугата за испорака на возило до домот (исто и носење на сервис), Mercedes сега воведува и дигитален потпис. Тоа значи дека целата постапка на купување нов автомобил може да се заврши онлајн, благодарение на електронсиот потпис во Mercedes-Benz. Од нарачката на возилото, до пристигањето на новиот автомобил пред сопствениот дом, сé е дигитално.
Досега при купување автомобил беа неопходни три потписи. Денес е доволна апликацијата Daimler Signature, достапна и во Apple App Store и во Google Play Store. Кодирањето на податоците и еднократниот код за овластување при далечинското потпишување се гаранција дека постапката ги исполнува највисоките стандарди за заштита на податоци.
Со помош на дигиталниот потпис сме чекор поблиску до целта да создадеме непречено преоѓање од онлајн- на офлајн-каналите и обратно. Личното појавување во салоните секако декаи во иднина ќе виде незаменливо
Јенс Кунат, директор за продажба и маркетинг во Mercedes-Benz Deutschland
Електронскиот потпис е независен од местото и уредот. Клиентките и клиентите што ќе се приклучат преку сопствениот телефон или таблет, можат купувањето автомобил да го извршат целосно дигитално – исто како секој друг производ денес.
https://shop.mercedes-benz.com/de-de/shop/neuwagen
https://www.instagram.com/p/CLAH7qxqqYO/
















