Тајфунот во Јапонија се движи кон фабриките за автомобили

Осака, вториот најнаселен регион во Јапонија, се очекува во вторник да биде погоден од тајфунот Лан. Се предвидува дека тајфунот ќе помине низ средиштето на најголемиот јапонски остров Хоншу.

Јапонија се подготвува еден од главните индустриски региони во земјата, Осака, во вторник да биде погоден од тајфунот Лан. Во средиштето на островот Хоншу се наоѓаат главните фабрики за автомобили. Тајфунот понатаму ќе продолжи на север, кон Хокаидо.

Иако очекуваат вонредни услови, домашните производители Toyota, Mitsubishi Motors, Honda и Suzuki, кажуваат дека нивната работа нема да претрпи штета од тајфунот, затоа што фабриките се затворени додека траат годишните одмори.

Се претпоставува дека временските услови ќе предизвикаат метеж и прекини во сообраќајот, во периодот кога луѓето почнуваат да се враќаат дома од годишните одмори

Јапонската агенција за метеорологија повика на претпазливост за силен дожд, лизгање на земјиштето и кал, како и силни ветришта.

Тајфуните зачестуваат и стануваат посилни, што доведува до тоа фабриките да го прекинат производството. Дополнителен проблем претставува и прекинот на доставата на материјали до фабриките. Лани две лица загинаа, кога силното невреме мина низ Токио.

Издадена е наредба за евакуација од ниво 3 – највисоко е ниво 5 – за околу 26.000 повозрасни жители во префектурата Вакајама, поради загриженост за силен дожд, што може да предизвика лизгање на земјиштето, објавија NHK.

Тематскиот парк на Универзал Студио во Осака ќе биде затворен во вторник.

Авио-компаниите Japan Airlines и ANA Holdings најавија прекини на летовите, со откажани повеќе од 250 летови во понеделник и вторник.

Регионалните оператори на брзите возови, Central Japan Railway и West Japan Railway, најавија делумен прекин на сообраќањето на брзите возови во вторник, со можни доцнења и откажувања во понеделник и среда.

Централната Железница најави дека во вторник ќе биде во прекин сообраќајот меѓу Осака и Нагоја.

Утрината во понеделникот, тајфунот Лан беше оддалечен околу 260 километри југозападно од јапонскиот остров Хачиџоџима и се движи кон севернозапад.

Невремето коешто во Јапонија се води како Тајфун број 7, создава ветер со брзини до 144 километри на час.

Пред помалку од една седмица, тајфунот Канун мина низ регионот, движејќи се од Јапонија кон Јужна Кореја и предизвика затворања на фабриките за авотмобилит, стотици откажани летови и прекини во снабдувањето со струја.

Претходна објаваLotus пркна по преземањето од Geely
Следна објава3000 километри со електрична Toyota bZ4X низ Македонија: Градската тура

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here