за

Jaguar троши 60 литри на сто километри под полна гас

Магазинот Auto Bild провери колку трошат автомобилите кога се возат под полна гас. Некои трошат петпати повеќе од фабричката вредност, но има и некои вистински домаќини.

Секој возач знае дека неговиот автомобил троши многу повеќе кога се вози по автопат со педал притиснат до под отколку при кртосување со темпо 80 по некоја ривиера за уживање. Но, колку навистина трошат автомобилите во тој случај? Магазинот Auto Bild го спроведе овој навидум банален, а крајно спектакуларен тест со десет возила од различна класа и со различен карактер.

Некои од тестираните модели се покажаа како вистински домаќини со горивото и при недомаќинско терање под полна гас. Skoda Octavia 1.2 TSI со 105 КС, на пример, дури и со педал до под троши разумни 13,4 литри на сто километри. Затоа, пак, болидите со моќност меѓу 300 и 550 КС согоруваат и повеќе од 60 литри. „Најненаситен при трајно возење под полна гас е Jaguar XFR-S (550 КС) со 62,5 литри. Како просечна потрошувачка според нормите на ЕУ производителот наведува 11,6 литри за спортскиот автомобил со мотор V8 и со крајна брзина од 300 km/h“, заклучува магазинот. Тоа би значело дека британската дива мачка ќе го испразни целиот резервоар по само 100 километри.

Магазинот Auto Bild ги тестираше сите 10 кандидати под исти услови на тест патека – со полна брзина, односно со педал за гас притиснат до крај. Интересно е тоа што кај некои модели крајната брзина е значително повисока од таа што ја наведува производителот.

Резултатите од тестот на Auto Bild

Модел КС Крајна брзина Измерена крајна брзина Просечна потрошувачка според норма Потрошувачка под полна гас Досег при возење под полна гас
Jaguar XFR-S 550 300 302 11,6 62,5 112
Mercedes G500 388 210 209 14,9 62,3 154
BMW M5 Comp. 575 305 304 9,9 62 129
BMW X5 xDrive50i 450 250 261 10,4 49,3 172
Audi A8 3.0 TFSI 310 250 262 7,8 36,6 224
Mazda 3 2.0 165 210 220 5,8 22,2 230
VW Golf 1.4 TSI 140 212 213 4,7 20,2 248
VW Golf 2.0 TDI 150 216 215 4,1 14,6 342
Skoda Octavia 1.2 TSI 105 193 192 5,1 13,4 373
Fiat Ducato 148 152 165 7,4 17,9 503

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кинеската марка Qoros го испорача првото возило

Грандиозниот неуспех на првиот Golf на струја