Tјунерите отидоа на кампување: Opel Vivaro стана Irmscher Cross iS2

Irmscher е големо име кога станува збор за тјунирањето модели на Opel, уште од времето на Manta. Од пред извесно време, германската компанија се занимава и со изработка на возила за кампување. Најнова преработка е Cross iS2 на база на Opel Zafira/Vivaro.

Изработката на возила за кампување им успева одлично во Irmscher, традиционална тјунерска куќа специјализирана за Opel. Врз основа на моделите што ја користат платформата K0 на концернот PSA, односно Opel Zafira/Vivaro и новиот Fiat Scudo, се изработува Cross iS2, повеќе од пристојно возило за кампување.

Оваа варијанта на кампер е повеќе наменета за клиенти што сакаат возило за активно да го минуваат слободното време, а воедно сакаат истото возило да го користат во работното секојдневие. Практично, едно возило за сé.

Irmscher „Cross“ iS2 се базира врз варијантата со продолжено меѓуоскино растојание и располага со комплетно нов внатрешен распоред. Кујнскиот блок е вграден попречно и опремен е со квалитетна работна плоча од бамбус. Сите елементи располагаат со ротирачка брава и во нив се сместува сé што не е потребно во моментот. Зад кујната се наоѓа седечка група, со масичка што може да се извлече нанадвор.

https://photos.app.goo.gl/86tvYfzYtcuUDwMv6

Со извлекување на посебен елемент се добива долг лежај. Целата внатрешност изобилува со паметни решенија, вклучувајќи индуктивни плочи за полнење телефон или даска за сечење, што во исто време служи како поклопец. Боите и површинскиот материјал може да се избираат по желба.

Однадвор исто се забележува дека станува збор за несекојдневно комбе. На браникот му е додаден продолжеток, а отстрана се додадени проширени прагови. Главен впечаток назад оставаат проширувањата на крилата, како и кровниот спојлер. Посебен впечаток создава двобојната каросерија во манир на Irmscher.

Тркалата се од 18 инчи, со дизајн Heli Star, а по желба се вградуваат и тркала од 19 инчи, со дизајн High Star. Тркалата може да се нарачаат во црна боја или со полиран финиш.

https://photos.app.goo.gl/atUrgCyMrUVG698E6

https://photos.app.goo.gl/dNjdrqX1xiGnbpeb9

https://photos.app.goo.gl/zEE4HzZst3L5HEGYA

https://photos.app.goo.gl/ju76ehaMbPWeuMYPA

https://photos.app.goo.gl/7U5e84USA9mjP8318

https://photos.app.goo.gl/GQEJiJghh2GZ9s318

https://photos.app.goo.gl/9JZiMSkKS1ZD5wGa9

https://photos.app.goo.gl/8fFFv7EV7mW9yUvv7

Од сон до реалност: Возило за кампување од домашна изработка

Трејлер од еден култен филм на „Опеланерите“

https://youtu.be/fG1EAwxZEtk

Претходна објаваДесет видови велосипедски шлемови: Секој за својата намена
Следна објаваMercedes-Benz трикратно ја зголеми продажбата на електрични автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here