Mercedes-Benz трикратно ја зголеми продажбата на електрични автомобили

Mercedes-Benz Cars во периодот меѓу јануари и март продаде 501.600 автомобили, за 15% помалку од лани, што главно се должи на недостигот од чипови со којшто се соочува целата бранша. Овој тренд е големо изненадување: Продажбата на Mercedes-Maybach порасна за 161%, на S-Class за 67 проценти. Уште еден тренд: Електричните напредуваа за 210 проценти.

Вкупната продажба на модели од марките на Mercedes-Benz Cars се намали во првото тромесечје од 2022 година, како последица од чип-кризата, но драстично е порасната продажбата на најскапите и на чисто електричните автомобили со сребрената ѕвезда. Од јануари до март се продадени 67.800 (+37%) автомобили со приклучен хибриден и батериски електричен погон. Само чисто електричните возила ја зголемиле продажбата за фантастични 210%, со вкупно 21.900 возила.

Овој тренд ќе зајакне уште повеќе, откако ќе стартува продажбата на луксузниот електричен СУВ, на Mercedes EQS SUV. Неговата премиера ја очекуваме на 19-ти април, дизајнер е Славче Таневски. Веќе разговаравме со македонскиот дизајнер во Mercedes-Benz и во следниот период ќе имаме детали за работата на Славче Таневски врз овој стратешки мошне важен модел на марката, којашто е нормално дека секогаш наидува на еуфорична реакција меѓу публиката.

Највредната луксузна марка во светот, во првиот квартал ја зголеми продажбата на S-Class за 67 проценти. Сите возила од врвниот сегмент напредуваа со продажбата во овој предизвикувачки период за целата бранша, не само за автомбоилската бранша. Продажбата на Mercedes-AMG, Mercedes-Maybach, G-Class, S-Class, GLS и EQS за три месеци достигна 76.200 возила или за 1% повеќе отколку во првото тромесечје лани. Бројките ќе беа уште повисоки доколку светот не се соочуваше со недостиг од чипови и со ограничувања поради пандемијата.

Премиерата на Mercedes-Benz EQS SUV ја очекуваме со нетрпение на 19-ти април, дизајнот е на Славче Таневски, тоа ќе биде следната сензација од македонскиот дизајнер во Штутгарт, по AMG SL Roadster

https://photos.app.goo.gl/yFACtnvNmPx9zgwdA

Од најлуксузните модели во понудата на Штутгарт, уште подобро напредуваат батериските електрични модели од подмарката EQ. Резултатот од првото тромесечје е 21.900 возила или за 210% повеќе отколку лани во истиот период. Тоа се трикратно повеќе возила. Најбарани се моделите EQA, EQS и EQC.

Солиден интерес постои и за моделите со приклучен хибриден погон, кои постигнале 45.900 продажби или за 8% повеќе отколку во првото тромесечје во 2021 година. Тоа е најдобар прв квартал во историјата за овие модели. Сите xEV модели (BEV, smart и приклучни хибриди) заедно учествуваат со 15% во вкупната продажба на автомобили на Mercedes-Benz Cars.

Во Европа е електрифициран секој трет продаден автомобил Mercedes-Benz. Во Велика Британија, еден од секои пет продадени автомобили е со батериски електричен погон.

Постојаната висока побарувачка за нашите електрифицирани модели во сите сегменти и на сите пазари покажува дека нашите клиенти ги ценат нашите електрични автомобили и приклучните хибриди. Со светската премиера на новиот EQS SUV на 19-ти април дополнително ќе ја забрзаме нашата трансформација.

Брита Зегер, членка на управниот одбор на Mercedes-Benz Group AG, одговорна за продажбата на Mercedes-Benz Cars

Најпродаван модел во првиот квартал, со 100.400 примероци и натаму е СУВ-моделот GLC. Наследникот на GLC, по успешно завршеното зимско тестирање, ќе ја доживее својата светска премиера во јуни.

Тука EQS SUV уште е во концепт фаза, Славче Таневски на салонот ИАА во Минхен имаше директни средби со публиката, којашто масовно искажа одушевеност од овој дизајн

MERCEDES EQS

Продажбата на Mercedes-Benz во регионот на Азија во првото тромесечје достигна 249.000 (–12%) примероци. Мартовски рекорд е постигнат во Кореја. Во Кина е намалена продажбата, поради усложнетата ситуација со ковид. Во првиот квартал, во земјата биле продадени 192.700 возила (–14%).

Во Европа се продадени 151.000 (–14%), од коишто 50.600 (–7%) отпаѓаат на германскиот пазар. Во Северна Америка се испорачани вкупно 70.700 (-20%) возила, од кои 62.300 (–20%) во САД.

Преглед на продажбата на воизла на Mercedes-Benz Cars

  Q1-2022 промена во %
Mercedes-Benz Cars 501.600 -15
Mercedes-Benz Passenger Cars 495.200 -15
 –       BEV 21.900 +210
     
Mercedes-Benz продажба по региони и пазари    
Европа 151.000 -14
 –       Германија 50.600 -7
Азија 249.000 -12
 –       Кина 192.700 -14
Северна Америка 70.700 -20
 –       САД 62.300 -20
 Останати пазари  24.500  -30

Mercedes-AMG SL со потпис на Славче Таневски е „сон на соништата на секој дизајнер“

Претходна објаваTјунерите отидоа на кампување: Opel Vivaro стана Irmscher Cross iS2
Следна објаваPorsche: При дефект се менува само ќелијата, не целата батерија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here