за

Десет видови велосипедски шлемови: Секој за својата намена

Заштитата на главата е клучна за безбедно возење велосипед. Претставуваме 10 видови шлемови за велосипедисти, модели за секој ден и за трки, за патување и за стил.

За секој ден

New item by Automedia MK / Google Photos

На возачките и возачите на ситибајк, при изборот на шлем им се најважни безбедноста и функционалноста. Пример за таков шлем е Abus Hyban 2.0 LED, што е сличен со шлем за планински велосипедизам и има заден дел што е извлечен надолу, заради заштита на вратот. Вграденото светло напред и назад, заедно со неколкуте рефлектори, се грижат за возачот да биде видлив и ноќе и при дожд. Цена: 119,95 евра (сите наведени цени во објавата се препорачани продажни цени од производителите, за европскиот пазар).

За возачи на електричен велосипед

New item by Automedia MK / Google Photos

Возачките и возачите на електричен велосипед треба да внимаваат шлемот да исполнува стандард NTA 8776. Овие шлемови располагаат со подебел слој EPS во споредба со обичните модели, што обезбедува поделотворно придушување на ударот. Покрај тоа, делот покрај слепоочниците и тилот е продолжен надолу, заради подобра заштита при удар. Пример за таков модел е Abus Pedelec 2.0, што дополнително поседува и вградено задно светло. Специајлните шлемови за е-велосипед им се посебно важни на возач-ките на брзите модели од S-категоријата, за коишто во одредени земји законски се пропишува „соодветен шлем“, поради повисоката брзина. Цена: 159,95 евра. 

За стил

New item by Automedia MK / Google Photos

Старински изглед за стилска појава. Шлемот за бајкери и скејтери Thousand Heritage е наменет за возење во град. Практичен детал е отворот низ којшто може да се протне брава за велосипед, за шлемот да се заклучи заедно со велосипедот. Изгледот е мошне впечатлив. Моделот се испорачува во најразлични бои и старински дизајни. Исто може да биде важно и тоа што ременот под брадата е произведен од веганска имитација на кожа. Цена: 99,90 евра.

За преклопување

New item by Automedia MK / Google Photos

Шлемовите за велосипедисти обично се изработуваат од EPS пена. Исклучок е норвешкиот Hedkayse One. Основата е изработена од балистички најлон и Enkayse-пена. Според производителот, шлемот може да се користи и по пад, затоа што заштитното дејство на шлемот не се губи. Друга предност е тоа што посебната конструкција овозможува шлемот да се преклопи и да зафаќа 50% помалку простор. Достапни се повеќе дизајни. Цена: 179,90 евра 

За зима

New item by Automedia MK / Google Photos

Ако велосипедот се вози зиме, тогаш е потребен шлем што штити и од студ. Abus Scraper 3.0 ERA нуди шлем со цврста градба, што со помош на специјален зимски кит може да се носи и при смрзнувачки студ и при снег. Посебни Vent Covers ги затвораат отворите за проветрување и не дозволуваат пристап на студениот воздух. Има и дел што се прицврстува заради заштита на ушите и тилот. Во лето, системот за проветрување се грижи за пријатна температура. Изгледот е сличен со BMX-шлем. Цена: 99,95 евра. 

За деца

New item by Automedia MK / Google Photos

Важно е да се знае уште од мало: Безбедноста е најважна. Шлемовите за децата мора да се соодветни, комфорни и безбедни. Но, на дечињата им е посебно важен и дизајнот. Безбедносни функции, како зарамнет заден дел и заштитно подрачје за слепоочницата и за вратот што е продолжено надолу, како кај Abus Anuky 2.0 (цена 39,95 евра) или Nutcase Little Nutty Mips (цена 79,90 евра), прават носењето заштита за главата да им биде уживање на децата.

За планински велосипедизам

New item by Automedia MK / Google Photos

Заштитата на вратот и на слепоочниците им е посебно важна на планинските велосипедисти. Покрај тоа, шлемот мора да располага со одличен систем за проветрување и со делотворно придушување удар. Пример е 7IDP M2, што поседува пена со две различни густини, за посебно добра заштита при пад врз камен или на земја. Посебност е Boa-системот за прицврстување, за точно местење на шлемот. Цена: 109,95 евра.

За даунхил

New item by Automedia MK / Google Photos

За велосипедистите што сакаат брзо да се се спуштаат по терен е наменет Full-Face-шлем. Овие модели што се посебно конструирани за даунхил и со цврстиот лак пред брадата го штитат и лицето. Иако изгледаат многу масивно и нудат висока заштита, овие шлемови се посебно лоесни. Пример е серијата шлемови Troy Lee Designs D4 Carbon. Изработени од карбон, овие шлемови тежат околу 1.000 грами. Како дополнителна заштита се вградува MIPS-влошка, што ги минимизира ротирачките сили при удар. Цена: 499 евра. 

За тркачи

New item by Automedia MK / Google Photos

Тркачите посебно внимаваат на добро проветрување и комфорно носење. Тоа е многу важно на подолги тури со напорни нагорнини и со брзи спустови. Специјалистот Abus нуди модел Viantor Quin, како интелигентен шлем од основна класа, што располага и со сензор за забрзување, кој препознава пад. Во случај на пад, системот пријавува незгода до меморираниот телефонски број. Цена: 149,95 евра. 

За триатлонци

New item by Automedia MK / Google Photos

На триатлонките и триатлонците им е најважна аеродинамичноста. Шлемови со заеродинамична форма и со долг „опаш“ се мошне барани. Abus GameChanger TRI (399,95 евра) има покус опаш, заради поголема слобода на движење, на пример на долги тури и на нагорнина. Големите отвори за воздух овозможуваат добро проветрување, што е важно при возење по сонце. Магнетната брава овозможува брзо отворање на шлемот.

Сите наведени цени во објавата се препорачани продажни цени од производителите, за европскиот пазар.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Европски пазар: Golf прв, Peugeot трипати во Топ 10, Yaris Cross 3-та најпродавана Toyota

Tјунерите отидоа на кампување: Opel Vivaro стана Irmscher Cross iS2